Руско-турски војни
Изглед
Руско-турска војна се однесува на некој од воените конфликти помеѓу Царска Русија и Отоманското Царство, а во поново време помеѓу Советскиот Сојуз и Турција:
- Руско-турска војна (1568-1570), воен конфликт помеѓу Отоманското Царство и Руското царство за владеење со Астраканското ханство.
- Руско-кримска војна (1571)
- Руско-турска војна (1676-1681), воен конфликт помеѓу Отоманското Царство и Кримското ханство од една страна и Царство Русија од друга страна. Војната избила поради обидот на Османлиите да навлезат во Украина.
- Руско-турска војна (1686-1700), дел од заедничките напори на европските сили да се спротивстават на Османлиското Царство. Поголемиот дел од оваа војна е позната и како Голема турска војна. За време на војната, руската армија организирала два поголеми походи: Кримска кампања (1687 и 1689) и Азовска кампања (1695 и 1696). Војната завршила со потпишување на договор во Цариград во 1700 година.
- Руско-турска војна (1710-1711), позната и како Прутска војна, воен конфликт помеѓу Отоманското Царство и Русија. Војната претходела на поразот на Шведска во т.н. Голема северна војна. Руските сили броеле околу 40.000 војници а османлиската војска околу 200.000 војници. Војната завршила со мировен договор склучен на 12 август.
- Руско-турска војна (1735-1739). Како причина за започнувањето на војната се постојаните напади на кримските Татари во Украина и воениот поход на Кримското ханство во Кавказ. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Bелград.
- Руско-турска војна (1768-1774). Оваа војна била една од клучните војни помеѓу Руската Империја и Османлиското Царство. Како резултат од војната, Русија кон својата територија ги присоединила јужна Украина, северен Кавказ и Крим.
- Руско-турска војна (1787-1792). Неуспешен обид на Османлиското Царство да ги поврати териториите загубени по Руско-турска војна (1768–1774). Османлиите претрпеле порази во Молдавија кај Пчеков, Јеш и Хотин. Војната завршила со потпишување на мировен договор на 9 јануари 1792 година со кој Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестер.
- Руско-турска војна (1806-1812). Војната ја започнала Османлиското Царство, која сакала да ги заземе Молдавија и Влашка. Завршила со потпишување на Букурешкиот договор на 8 мај 1812, според кој Бесарабија била припоена кон Руската Империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската Империја, Русија се здобива со право на трговија низ реката Дунав.
- Руско-турска војна (1828-1829). Војната претставува дел од грчката војна за независност, се водела на два фронта: на Балканот и Кавказ. Руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра, била заземена Варна а подоцна и Силистра, после што ја премината Стара планина и била окупирана Тракија и навлегла во Едрене. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Едрене според кој Грција добила независност, биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ, Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија, во рок од 18 месеци христијаните во Османлиското Царство имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.
- Кримска војна (1853-1856), војна помеѓу Русија од една страна и Велика Британија, Франција, Кралство Пијемонт и Османлиското Царство од друга страна. Војната била започната од страна на Русија за господарство на Блискиот Исток.
- Руско-турска војна (1877-1878). На страната на Русија учествуваат Финска, Романија, Бугарија, Грузија, Ерменија, Србија, како и доброволци од Македонија. Кон крајот на 1878 Руската армија се приближува кон портите на Истанбул. Велика Британија испраќа во Мраморно Море мала флота која треба да го спречи заземањето на градот. Под притисок од другите Големи сили и по претрпените огромни загуби, на 31 јануари 1878 било склучено примирје, на 3 март Русија се усвоил Санстефанскиот договор според кој Романија, Србија и Црна Гора добиваат целосна независност од Отоманското Царство, а Бугарија добива автономија. Незадоволни од засилувањето на руското влијание на Балканот, неколку месеци подоцна Големите сили прават ревизија на овој договор, усвојувајќи го Берлинскиот конгрес.
- Прва светска војна
- Руско-турска војна (1917-1918)