Голема турска војна

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голема турска војна
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни, Полско-османлиски војни, Османлиско-венецијански војни и Руско-турски војни.
Juliusz Kossak Sobieski pod Wiedniem.jpeg
Датум 1683–1699
Место Австрија, Унгарија, Србија, Хрватска, Грција и Украина)
Исход Одлучувачка[1] Holy League победа
Договор од Карловац
Завојувани страни

Големата турска војна била војна која се водела меѓу Османлиската Империја и европските сојузници обединети во т.н. Света лига. Оваа војна траела од 1683 до 1699 година, а како резултат на неа биле ослободени голем дел од Централна Европа од Османлиите.

Позадина[уреди]

По бунтот на Богдан Хмељницки и присоединувањето на источните делови од Украина кон Царство Русија, дел од Козаците сакале од остатокот од украинската територија да го поврзат со Османлиската Империја. Мехмед IV знаел дека Полско-литванската унија е соочена со внетрешни проблеми па го нападнал пограничниот град Каменец Подолски. По две недели следувало зазимање на градот. Полската армија била премногу мала за да се спротистави на османлиската инвазија. По три месеци Полјаците биле принудени да потпишат договор според кој го предале градот и се обврзале да му оддадат почит на султанот.

Кога веста за поразот и потпишувањето на договорот стигнала во Варшава, Јан III Собиески одбил да плаќа данок на Османлиите и тргнал во поход по кое ја добил битката кај Хотин. Истата година Јан III Собиески станал крал на Полска. Во следните години се воделе повеќе војни со Османлиите, но истите немале голем успех. Во 1676 година бил потпишан договор според кој Османлиите повторно ја вратиле контролата над Каменец Подолски. Овој напад довел и до започнување на Руско-турските војни.

Опсада на Виена (1683)[уреди]

Битката кај Виена се одржила на 12 септември 1683 година, откако Османлиската империја го опсадила градот Виена во период од два месеци. Битката го сопрела повторниот обид на Османликсата империја да ја зазеде престолнината на Австрија. Предходниот обид бил во 1529 година. Оваа битка го означил почетокот на хегемонијата на Хабсбуршката династија во Централна Европа. Полскиот крал Јан III Собиески бил на чело на обединетите полско-австриско-германски сили против османлиската армија под команда на големиот везир Кара Мустафа Паша. Опсадата започнала на 14 јули 1683 година од околу 90 000 војници, меѓу кои и 12 000 јаничари. На 12 септември пристигнала европска армија од околу 84 000 војници и се соочила против Османлиите. Во годините по битката, Хабсбуршката династија ја ослободила јужна Унгарија и Трансилванија од османлиска власт.

По опсадата[уреди]

По крајот на опсадата, војната продолжила да се води на три фронта, во Унгарија, Хрватска, Далмација и Славонија. За прв пат во Светата лига се приклучила и Царство Русија, по кое следувале серијата од Руско-турски војни.

Карловачки мир[уреди]

Според гоговорот, Хабсбуршката монархија ја добила цела Унгарија без Банат, Хрватска, Славонија освен Срем заедно со Земун и Митровица. Освен тоа, Османлиите ги загубиле и Книн, Сињ и Вргорац, Обровац и Дрниш до реката Неретва. Освен тоа Османлиите се обврзиле да им обезбедат пријатен престој на аџиите во Палестина.

Наводи[уреди]

  1. Christian S. Anderson, What Every Christian Should Know about Islam, Xulon Press, 2008, ISBN 978-1-60647-442-6, p. 64.