Veni, vidi, vici

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Veni, vidi, vici (мак. дојдов, видов, победив) е најпознатата изрека на римскиот државник и војсководец Гај Јулиј Цезар.[1]

Логото на “Филип Морис“, од пакување цигари Марлборо

Оваа изрека тој ја употребил во својот извештај во римскиот Сенат за својата неочекувано брза победа над понтскиот крал Фарнак II, vo 47 г. п.н.е. Изреката се наоѓа и во Цезаровото дело Commentarii de bello Gallico (Коментари за Галската војна).

Оваа изрека денес се употребува кога се сака да се каже дека нешто било направено неочекувано лесно и брзо или кога неочекувано и брзо бил решен некој проблем.

Исто така, изреката Veni, vidi, vici се користи и во логото на компанијата за цигари "Филип Морис", која ги произведува познатите Марлборо цигари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Plutarch, The Life of Julius Caesar (анг.)