Битка кај Сланкамен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Сланкамен
Дел од Голема Турска војна
Battle of Slankamen.jpg
Датум 19 август 1691
Место Сланкамен, Србија
Исход Христијанска победа
Завојувани страни
 Свето Римско Царство
CoA of the Kingdom of Croatia.svgХрватска
Armoiries Hongrie ancien.svg Унгарија
Срби
Османлиско ЦарствоОсманлиска империја
Команданти и водачи
Свето Римско ЦарствоЛудвиг Вилхелм Баденски Османлиско ЦарствоЌопрулу Фазил Мустафа Паша
Сила
50,000[1] 80,000
  • 154 топови
Жртви и загуби
8,000 20,000

Битката кај Сланкамен се одвила помеѓу Османлиската империја од една и силите на Австрија и Светото Римско Царство од друга страна, на 19 август 1691 година кај Сланкамен, денеска во Србија. Битката е дел од Големата турска војна.

Претходно Османлиите во 1683 година не успеале да ја заземат Виена. По ова следувала и Мохачката битка од 1687 година, каде повторно биле поразени. Во следните години започнала кампања за ослободување на цела Унгарија и Србија, до границата кон Македонија. Но, во 1690 година, Османлиите повторно забележиле голема победа, заземајќи го градот Белград.

Големата војна била одлучувачка во битката кај Сланкамен на 19 август 1691 година, во која христијанските сојузници издвојувале важна победа. Според некои извори, војската на христијаните броела околу 50,000, наспроти османлиската која броела 80,000.

Османлиите имале загуба од околу 20.000 војници, наспроти 8.000 на христијаните.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chandler: The Art of Warfare in the Age of Marlborough, p.302: All statistics taken from Chandler.