Падот на Беџаја се случил во 1555 година кога владетелот на Османлиски Алжир, Али Рејс го зазел градот Беџаја на сметка на Хабсбуршка Шпанија. Шпанската тврдина била користена како главен инструмент за проучување на регионот. По опсада градот се нашол од страна на околу 1.000 војници и една мала флота од две галии. на чело на градот бил Алонсо Пералта[1] , кој испратил порака до Шпанија за помош. По ова, Андреа Дорија заминал кон градот со својата флота од Неапол, но веќе било доцна за да пружи некаква помош.
Шпанските сили во битката биле поразени, а на Алонсо Пералта му било дозволено да го напушти градот со околу 40 негови служители. По враќањето во Шпанија тој бил многу искритикуван, а на 4 мај1556 година и убиен со меч во Ваљадолид.[1]