Опсада на Кесег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опсада на Кесег
Опсада на Гинс
Дел од Малата војна во Унгарија
Отоманско-хабсбуршки војни
Османлиски војни во Европа
Belagerung von Güns.png
Опсада на Гинс
Датум 5 август 1532 – 30 август 1532[1]
Место Кесег, Кралство Унгарија со Хабсбуршко Царство (денес Унгарија)
Исход Номинална победа, но практичен пораз за Османлиите
Завојувани страни
Flag of the Habsburg Monarchy.svg Хабсбуршко Царство
Fictitious Ottoman flag 2.svg Отоманско Царство
Команданти и водачи
Никола Јуришиќ Сулејман Величествениот

Паргали Ибрахим-паша

Сила
700–800[1] 120,000–200,000[2]
Жртви и загуби
Heavy[3] Appreciable losses[4]

Опсадата на Гинс или опсадата на Кесег (турски: Güns Kuşatması) — опсада на Кесег (германски: Güns) во Кралство Унгарија во рамките на Хабсбуршкото Царство, која се одржала во 1532 година. Во опсадата, силите на австриската Хабсбуршка монархија под раководство на хрватскиот капетан Никола Јуришиќ (унгарски: Miklós Jurisics), ја бранеле малата гранична тврдина на Кесег со само 700-800 хрватски војници, без топови и неколку пиштоли[1]. Бранителите го спречиле напредокот на отоманската војска од 120.000-200.000 кон Виена, под раководство на султанот Сулејман Величествениот (османски турски: سليمان Süleymān) и Паргали Ибрахим-паша[1][5].

Точниот резултат на битката не е познат, бидејќи постојат две верзии кои се разликуваат, во зависност од изворот. Во првата верзија, Никола Јуришиќ ја одбил понудата да се предаде при поволни услови; во втората верзија Сулејман се повлекол при доаѓањето на августовските дождови[5], и не продолжил кон Виена како што било планирано, туку се вратил во престолнината Цариград[3].

Сулејман го обезбедил своето владеење во Унгарија со освојување на неколку други тврдини[6], но по повлекувањето на Отоманското Царство, хабсбуршкиот цар Фердинанд вратил дел од територијата. По ова, Сулејман и Фердинанд склучиле договор во 1533 година во Цариград, кој го потврдил правото на Јанош Запола како крал на цела Унгарија, но признал дека Фердинанд поседувал некоја од реокупираните територии[7].

Позадина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Отоманско-хабсбуршки војни.

На 29 август 1526 година, во Мохачката битка, христијанските сили предводени од кралот Лајош II биле поразени од османлиските сили предводени од Сулејман Величествениот[8]. Лајош бил убиен во битката, што резултирало со ставање крај на независното Кралство Унгарија, останувајќи без наследник. Така кралствата на Унгарија и Хрватска станале спорни територии помеѓу Хабсбуршкото и Отоманското Царство. Хабсбуршкиот цар Фердинанд I, кој бил брат на светиот римски цар Карло V, се оженил со сестрата на Лајош[9] и бил избран за крал од страна на благородниците од Унгарија и од Хрватска[10]}}.

Престолот на Унгарија станал предмет на династички спор меѓу Фердинанд и Јанош Запола од Трансилванија, бидејќи Сулејман ветил дека ќе го направи Јанош Запола владетел на цела Унгарија[11]. За време на унгарската кампања од 1527-1528, Фердинанд го зазел Будим од Јанош Запола во 1527 година. Опсадата на Виена во 1529 година бил првиот обид на Сулејман Величенствениот да го освои австрискиот главен град. Оваа опсада го сигнализирал врвот на отоманската моќ и максималниот степен на османлиска експанзија во Централна Европа[9].

Малата војна[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Малата војна во Унгарија.

По неуспешната опсада на Сулејман во Виена во 1529 година, Фердинанд започнал контра-напад во 1530 година за да ја врати иницијативата и да го одмазди уништувањето на 120.000 силна војска на Сулејман. Оваа кампања обично се смета за почеток на Малата војна, период на серија конфликти меѓу двете царства. Нападот на Будим не бил успешен, но Фердинанд бил успешен на друго место, освојувајќи го Острогон и други тврдини долж реката Дунав, како витална стратешка граница[5].

Кампања од 1532[уреди | уреди извор]

Во раниот период на Малата војна во Унгарија, Сулејман, како одговор на контра-нападот на Фердинанд во 1530 година, и како дел од неговата петта кампања[12] во 1532 година.[13], поседувал масовна армија од над 120.000 војници за повторно да ја опсади Виена. Поради брзиот напредок на Сулејман, Фердинанд стравувал дека христијанските сили нема да бидат собрани навреме за да го пресретнат[14]. На 12 јули Сулејман му напишал на Фердинанд од Осиек за да го увери во османлискиот напредок[14]. Според писмото, петтата кампања на Сулејман била првенствено насочена против Карло V, а не лично против Фердинанд[15]. Откако Сулејман ја преминал реката Драва во Осиек, наместо да ја преземе вообичаената рута за Виена, тој се свртел кон запад кон унгарската територија што ја поседувал Фердинанд[5]. Според историчарот Андреј Виаткрофт, на патот за Виена, османлиската војска кратко окупирала седумнаесет утврдени градови или замоци[1]. Фердинанд ја повлекол својата војска, оставајќи само 700 мажи без топови и неколку пиштоли за да го одбранат Кесег[5].

Меѓутоа, Османлиите морале брзо да го освојат градот, бидејќи голема војска во Германија, засилена од шпанските трупи и предводена од самиот цар Карло V се приближувале во поддршка на Фердинанд[16].

Опсада[уреди | уреди извор]

Поглед кон дворецот на градот

Лоциран јужно од Шопрон, малиот град Кесег бил на само неколку километри од австриската граница и бил под раководство на хрватскиот војник и дипломат Никола Јуришиќ[17]. Кесег не се сметал за значајно место[17]. Големиот везионер на Османлиите, Ибрахим-паша, не сфатил колку е лошо одбранет Кесег. По преземањето на неколку помали места, Сулејман подоцна пристигнал кај Ибрахим-паша, кога опсадата веќе била започната[5].

Османлиите се сретнале со жесток отпор. Сулејман се надевал дека царската армија ќе дојде да го ослободи Кесег, давајќи му можност за поголем ангажман за освојување на градот[18]. Меѓутоа, за време на отоманските напади врз градот, царската армија сè уште се формирала во Регенсбург[19]. Османлиите продолжиле со еден напад по друг; артилерискиот оган срушил делови од ѕидовите, но не донел предавство. Повеќе од дваесет и пет дена, без артилерија, капетанот Никола Јуришиќ и неговиот гарнизон од 700 локални унгарски селани и неколку хрватски војници се спротивставувале на деветнаесет целосни напади и непрестаното бомбардирање од страна на Османлиите[1].

Постојат две легендарни верзии од оваа битка. Во првата, откако Сулејман I повел војска од 140.000 кон Виена, Никола Јуришиќ и неговите 800 војници одговориле на повиците на хабсбуршкиот цар за одбрана на градот. Додека поминувал низ Западна Унгарија, тие виделе беспомошни жени и деца во малата тврдина Косег и одлучиле да им помогнат. Тврдината била на пат кон Виена, така Сулејман I ја нападнал и по три дена борба, Јуришиќ напишал: „...јас и 89 од моите витези сме уморни и слаби со залихи. Ако издржиме уште еден ден ќе биде чудо...“ Пред завршната борба, жените и децата се молеле на Свети Мартин два часа и завршната битка започнала. По десет минути од битката, Турците се повлекле и пријавиле дека виделе огнен витез со огнен меч. Во втората, градот понудил услови за преодно предавање. Единствени кои ќе може да влезат во замокот ќе бидат силите кои ќе го дигнат турското знаме. Сулејман се повлекол на почетокот на август кога започнало да врне и не продолжиле кон Виена како што претходно планирале[1][4][20]. Се задржал скоро четири недели и во текот на тоа време се собрала силна армија во Виена, со која султанот не сакал да се соочи. Со нивниот хероизам, Никола Јуришиќ и неговите луѓе ја спасиле Виена од опсада.

Последици[уреди | уреди извор]

Иако бил стопиран во Кесег и не успеал да го освои, Сулејман дополнително го обезбедил своето владеење во Унгарија со освојување на неколку тврдини, бидејќи Фердинанд и Карло избегнувале битка на отворено поле[6]. Веднаш по повлекувањето на Отоманската империја, Фердинанд ја обновил опустошената територија во Австрија и Унгарија[21]. Сепак, Сулејман склучил мировен договор со Фердинанд во 1533 година, во Цариград. Договорот го потврдил правото на Запола како крал на цела Унгарија, но ги признал териториите на Фердинанд.

Овој договор не ги задоволил ниту една од страните, чии војски почнале да се борат низ границите. По смртта на Запола во 1540, Сулејман ја припоил Унгарија кон османлиската држава. Иако од 1529 до 1566 границите на Отоманското Царство се движеле кон запад, ниту една од кампањите по 1529 не ја постигнале решавачката победа за освојување на Виена[22].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Wheatcroft (2009), p. 59.
  2. A Historical Encyclopedia (2011), p. 151
  3. 3,0 3,1 Vambery, p. 298
  4. 4,0 4,1 Thompson (1996), p. 442
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Turnbull (2003), p. 51.
  6. 6,0 6,1 Akgunduz and Ozturk (2011), p. 184.
  7. Turnbull (2003), pp. 51–52.
  8. Turnbull (2003), p. 49
  9. 9,0 9,1 Turnbull (2003), pp. 49–51.
  10. R. W. Seton-Watson. The southern Slav question and the Habsburg Monarchy. стр. 18. https://archive.org/stream/southernslavques00seto/southernslavques00seto_djvu.txt. 
  11. Turnbull (2003), pp. 55–56.
  12. Zürcher (1999), p. 38.
  13. Sami Frashëri. Kamûs-ül Â'lâm. https://books.google.com/books?id=axw-AQAAIAAJ&pg=PT881&dq=%22+%D8%B3%D9%81%D8%B1+%D9%87%D9%85%D8%A7%D9%8A%D9%88%D9%86%22&hl=en&ei=_Sb5TceLOMHqrAeWs4XwDw&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=9&ved=0CE4Q6AEwCA#v=onepage&q=%22%20%D8%B3%D9%81%D8%B1%20%D9%87%D9%85%D8%A7%D9%8A%D9%88%D9%86%22&f=false. 
  14. 14,0 14,1 Setton (1984), p. 364.
  15. Setton (1984), pp. 364–365.
  16. History of the Habsburg empire, Jean Bérenger
  17. 17,0 17,1 Setton (1984), p. 365.
  18. Setton (1984), p. 366.
  19. Gregg (2009), p. 169.
  20. Ágoston and Alan Masters (2009), p. 583
  21. Black (1996), p. 26.
  22. Uyar and Erickson (2009), p. 74.