Никола Јуришиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Јуришиќ
Jurisics Miklós.JPG
Никола Јуришиќ
Роденоколу 1490
Сењ (денес Хрватска)
Починал1545
Кесег (денес Унгарија)
Чингенерал

Никола Јуришиќ (хрватски: Nikola Jurišić; унгарски: Miklós Jurisics) (околу: 1490-1545) — хрватски благородник, војник и дипломат.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Јуришиќ е роден во градот Сењ, Хрватска.

Прв пат бил споменат во 1522 година како офицер во војската на Фердинанд I, која била донесена во хрватските тврдини во одбрана против инвазијата на Отоманското Царство под водство на Сулејман I, кој напредувал кон Виена. Помеѓу 1522 и 1526 година станал витез.[1]

По Битката кај Мохач во 1526 година, кралот му ја доделил функцијата на врховен воен командант на вооружените сили кои ги бранеле границите (supremus capitaneus, Veldhauptmann unseres Kriegsfolks wider Turken). За возврат, Јуришиќ му помогнал на Фердинанд Хабсбуршки да стане крал на Хрватска со прекинувањето на Цетинското собрание во 1527 година. Во 1530 година, Јуришиќ бил испратен во Константинопол да преговара со Османлиите за мир.[1]

Опсада на Гинс (Кесег) во 1532 г.[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Опсада на Гинс.

Во 1532 година, капетанот Никола Јуришиќ ја одбранил малата одбранбена тврдина Кесег (Кралство Унгарија) со само 700-800 хрватски војници без никакви топови и само со неколку пушки, со што го спречил напредокот на турската војска од 120.000-140.000 војници кон Виена.[2]

Постојат две легендарни верзии од оваа битка.

  • Во првата, откако Сулејман I повел војска од 140.000 кон Виена, Никола Јуришиќ и неговите 800 војници одговориле на повиците на хабсбуршкиот цар за одбрана на градот. Додека поминувал низ западна Унгарија, тие виделе беспомошни жени и деца во малата тврдина Косег и одлучиле да им помогнат. Тврдината била на пат кон Виена, така Сулејман II ја нападнал и по три дена борба, Јуришиќ напишал: „...јас и 89 од моите витези сме уморни и слаби со залихи. Ако издржиме уште еден ден ќе биде чудо...“ Пред завршната борба, жените и децата се молеле на Свети Мартин два часа и завршната битка започнала. По десет минути од битката, Турците се повлекле и пријавиле дека виделе огнен витез со огнен меч.
  • Во втората, градот понудил услови за преодно предавање. Единствени кои ќе може да влезат во замокот ќе бидат силите кои ќе го дигнат турското знаме. Сулејман се повлекол на почетокот на август кога започнало да врне и не продолжиле кон Виена како што претходно планирале. Се задржал скоро четири недели и во текот на тоа време се собрала силна армија во Виена, со која султанот не сакал да се соочи. Со нивниот хероизам, Никола Јуришиќ и неговите луѓе ја спасиле Виена од опсада.

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

По Битката кај Ѓаково во 1537 година, повторно бил главен капетан на Славонија и Долна Австрија. Во 1540 година бил капитен на Крањска.[1]

Своите последни години од својот живот ги поминал како таен советник во дворот во Виена. Починал во Кесег, Унгарија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Никола Јуришиќ во Хрватскиот биографски лексикон (на хрватски)
  2. Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003. pg 51

Надворешни врски[уреди | уреди извор]