Малата војна во Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малата војна
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
Siege of Esztergom 1543.jpg
Опсада на Естергом (1543)
Датум 1530 - о. 1552
Место Унгарија
Завојувани страни
Flag of the Habsburg Monarchy.svg Хабсбуршка Австрија
Banner of the Holy Roman Emperor (after 1400).svg Свето римско царство
Flag of Cross of Burgundy.svg Шпанија
Emblem of the Papacy SE.svg Папска држава
Flag of Bohemia.svg Бохемија

CoA of the Kingdom of Croatia.svg Хабсбуршка Хрватска
Coat of arms of Hungary.svg Унгарско кралство[1]
Fictitious Ottoman flag 2.svg Османлиска империја
Регион Молдавија Молдавија
Coat of arms of Hungary.svg Унгарско кралство
Влашка Влашка
Српско деспотство
Flag of France (XIV-XVI).svg Франција[2][3][4]
Команданти и водачи
Фердинанд I ,
Никола Јуришиќ
Џон Саполаи
Сулејман I,
Влад Винтила де ла Слатина,
Петру Рареш
Сила
непознато околу 120,000 [5]
Жртви и загуби
непознато непознато

Малата војна[6] е име кое ги означува конфликтите помеѓу хабсбуршката монархија и нејзините сојузници од една страна и Османлиската империја од друга. Овој период трае од крајот на Виенаската опсада во 1529 година до опсадата на Егер во 1552 година.

Војната следувала по неуспешната опсада на градот Виена во 1529 година од страна на Сулејман I. Фердинанд I започнал контранапад во 1530 година за да ја уништи големата војска која султанот ја имал донесено од Истанбул. По неколкуте места заземени од христијаните, одговорот од Сулејман престигнал во 1532 година, кога Османлиите повторно со огромна армија се упатиле кон Виена. Фердинанд ја повлекол својата војска оставајќи околу 700 војници (пешадија) да го бранат Косег[6]. Големиот везир на Османлиите, Паргали Ибрахим-паша знаел дека мора да биде освоен градот главно поради потребниот одмор од неуспешната опсада на Виена. Благодарение на храброто хрватско раководство, нападот на Османлиите бил одбиван. Во натамошниот тек, започнале преговори околу предавањето на градот. Градот бил мирно предаден, а целата христијанска армија била поштедена. По ова следувало потпишување на мировен договор, според Унгарија била признаена како осмабнлиско вазалство. Но, тоа не траело многу, бидејќи била воспоставена хабсбуршка власт повторно. Следувале голем број на битки помеѓу двете сили, во кој порази доживеувале и двете страни.

Во април 1543 Сулејман започнал нова кампања во Унгарија, која се покажала доста успешна. Голем дел од Унгарија се нашла под османлиска власт. Како дел од француско-унгарскиот договор, голем број на Французи исто така се нашле во Унгарија. Така, француските артилеристи биле испратени во 1543-1544 година да се борат на страната на Османлиската империја. Во 1543 година бил заземен градот Естергом, а во следните години следувале и други градови. Мировниот договор помеѓу двете страни трале до 1552 година кога Сулејман одлучил да го нападне Егер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://books.google.com/books?id=4AuJvd2Tyt8C&pg=PA328#v=onepage&q=&f=false
  2. The Ottoman Empire and early modern Europe by Daniel Goffman, p.111 [1]
  3. Firearms of the Islamic world, p.38
  4. The Cambridge History of Islam, p.328
  5. Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003. pg 50: States that more were deployed than at Vienna in 1529.
  6. 6,0 6,1 Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003. pg 51