Алжирска инвазија (1541)
Опсада на Алжир | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
Опсадата на Алжир од 1541. Изработено од 1555. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Карло V:
Малтешки ред | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Карло V Андреа Дорија Армија: Војвода на Алва[1] вклучувајќи: Податотека:Податотекаof Genoa.svg Џанетино Дорија Вирџињо Орсини Бернардињо де Мендоса Феранте Гонзага | Хасан Ага | ||||||
Сила | |||||||
Околу 80 галии 500 бродови.[1] 12,000 морнари.[1] 24,000 војници.[1] вклучувајќи: 100 транспортери.[1] 50 галии.[1] 100 транспортери.[1] 14 галии 8 галии 150 транспортери.[1] 700 витези од Малта. | 800 Османлиски војници. 5,000 Арапи.[1] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
300 офицери.[1] 8,000 војници.[1] 17 галии 150 транспортери.[1] | минимални |
Алжирската инвазија од 1541 година се случила кога Карло V, цар на Светото Римско Царство се обидел со својата флота да ја порази Османлиското Царство во Алжир. Во крајна сметка, тој обид бил катастрофален за христијаните.
Заднина
[уреди | уреди извор]Алжир бил под контрола на Османлиите се нашол од 1529 година кога Сулејман I го зазел на чело со Хајредин Барбароса. Барбароса ја напуштил земјата во 1535 година, бидејќи бил избран за Голем адмирал на Османлиското Царство во Цариград, па така тој бил заменет од страна на Хасан Ага.[1] . Карло V долго време се подготвувал за војна околу Алжир, а во исто време тој сакал да се одмазди за Опсадата на Будим од 1541 година[2]. Поради големото невреме, неговата флота била принудена да се откаже од нападот[3][4].
Битка
[уреди | уреди извор]Силите на Хабсбуршката монархија многу доцна тргнале во војна, на 28 септември 1541 година. Тоа се случило тогаш, главно поради проблемите во Германија и Фландрија[1][5]. Целата флота се собрала во заливот кај Мајорка[1]. Таа броела околу 500 бродови и 24.000 војници.[1] По големото невреме кое ги зафатило регионите околу Мајорка и Алжир, флотата пред преговите на Алжир престигнала на 19 октомври[6]. Во нападот учествувал и Ернан Кортес, т.н. освојувач на Мексико.[5] Војската на Карло на копно стапнала на 23 октомври, каде по ова бил формиран штабот. Војската главно била составена од Шпанци, Германци[5] и Италијанци, во придружба на 150 витези од Малта[1].
Поради големата сила која ја имал донесено императорот во Алжир, се сметало дека градот многу бргу ќе падне во рацете на христијаните. Но во следните денови започнало да врне силен дожд и регионот бил зафатен од силно невреме. Голем дел од галиите потонале или биле оштетени[7] . По ова започнал напад на Османлиите и императорот бил опкружен. Тој бил извлечен со помош на Малтешкиот витешки ред[8] .
Андреа Дорија успеал да побегне во Кејп Матифу, на околу 5 милји од Алжир. Тој му предложил на својот император да се засолни заедно со него во Матифу[9]. По долгите патувања, на 3 декември конечно императорот пристигнал во југоисточниот дел од Шпанија, кај Картагина[10].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 The Story of the Barbary Corsairs by Stanley Lane-Poole p.114ff [1]
- ↑ Garnier, p.201
- ↑ European warfare, 1494-1660 by Jeremy Black p.177
- ↑ E.J. Brill's first encyclopaedia of Islam, 1913-1936 by Martijn Theodoor Houtsma p.258 [2]
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Garnier, p.202
- ↑ Garnier, p.203
- ↑ Garnier, p.204ff
- ↑ Garnier, p.204
- ↑ Garnier, p.205
- ↑ Garnier, p.206
|