Хајредин Барбароса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хајредин Барбароса
Barbarossa Hayreddin Pasha.jpg
Хајредин Барбароса
Прекари Барбароса
црвена брада
Хајредин
Хизир рејс
Роден околу 1478
Починал 4 јули 1546 (на 67–68 г.)
Цариград
Држава  Османлиско Царство
 Османлиска морнарица
Род  Османлиска морнарица
Служба 1500–1545

Хајредин Барбароса (арапски: خير الدين بربروس, турски: Barbaros Hayreddin Paşa) — османлиски адмирал на флотата во времето на управувањето на Сулејман I.

Хајредин застанал на чело на пиратската флота по смртта на својот брат, и под негова команда имал над 1,000 луѓе. Во 1518 година се прогласил за султан под името Барбароса II, признавајќи ја врховната власт на Османлиската империја. Барбароса го имал овој надимак според императорот на Светата Римска империја и предводник на третата крстоносна војна, Фридрих Барбароса.