Опсадата на Диу се одвила кога османлиската флота се обидела да го зазеде индискиот град Диу во 1538 година. Гувернерот на Османлиски Египет, Сулејман-паша во 1525 година добил задача од Истанбул да изврши притисок врз Португалија, односно да го зазеде поморскиот пат кој води кон Индија[1]. Така, за таа цел биле подготвени една флота од 80 бродови[1]. Сепак планираниот напад не се одвивал како што било замислено, глвно поради Опсадата на Корон и Османлиско-сефевидската војна[1] Во меѓувреме, португалските сили го продолжиле своето напредување, убивајќи го Бахадур Шах во февруари1537 година[1].
Во 1538 година од страна на Османлиите бил окупиран Аден, на чело со Сулејман-паша. Целта била градот да се претвори во османлиска база во случај ан османлиско-португалска војна[1][2]. Султанот од Аден, кој бил сојузник на Португалија, бил обесен, а градот ставен под опсада. По ова, османлиската флота на 4 септември1538 година престигнала пред градот Диу[1]. Ова претставувала најголемата османлиска флота некогаш пуштена по водите на Индиски Океан[3]. Диу бил опсаден со 130 топови. И покрај постојаните напади, опсадата не успела[1] The Ottomans finally had to lift the siege.[1].
По неуспешната опсада, Османлиите се вратиле во Аден, каде се утврдиле со своите оружја[2][4]. Хадим Сулејман-паша наредил да се започне втора опсада на Диу, но тоа не се случило.[1]. Во 1540 година, Португалците ги испратиле своите сили во Црвено Море, напаѓајќи ги Суакин и Кусајар, обидувајќи се да го заземат Суецкиот Канал со флота од 72 бродови[1][5]. Во следните години следувале постојани битки помеѓу двете светски сили.