Османлиски војни во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за
Вооружени сили на
Отоманското Царство
Грб на Отоманското Царство
Регрутирање
Османлиското Царство (1683)

Османлиските војни во Европа биле војните помеѓу Отоманците и Европејците на европска територија. Исто така се нарекуваат Отомански и Турски војни во старите текстови.

Подем на Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Поврзано: Подем на Отоманското Царство

Предлошка:Воена и политичка историја на Османлиското Царство Подемот на Отоманското Царство (1299-1453) се однесува на периодот кој започнал со слабеење на Селџучкиот Султанат кон почетокот на 14 век, а завршил со пропаѓањето на Византиското Царство по падот на Константинопол во 1453 година. Војни во Европа се:

Територијално проширување[уреди | уреди извор]

Поврзано: Територијално проширување на Отоманското Царство

Предлошка:Воена и политичка историја на Османлиското Царство Територијално проширување на Отоманското Царство (1453-1683) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по создавањето и подемот на империјата (1299-1453).

Отоманско-хрватски војни[уреди | уреди извор]

Отоманско-српски војни[уреди | уреди извор]

Сулејман Величествениот[уреди | уреди извор]

Поврзано: Сулејман Величествениот

Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманското Царство. Во западните земји е познат како Величенствениот а во источните како Законодавецот. На султанскиот трон се качил во 1520 година и владеел до 1566 година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Во август 1521 година била освоена речиси цела Србија. Во 1522 година бил заземен Родос. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Победата сепак не им дала голема сигурност на Османлиите. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Од 1541 година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна Унгарија, како и Трансилванија, Влашка и Молдавија кои станале вазалства на султанот.

Стагнација[уреди | уреди извор]

Поврзано: Застој на Отоманското Царство

Предлошка:Воена и политичка историја на Османлиското Царство Стагнацијата на Отоманското Царство (1683-1827) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по периодот на територијално проширување (1453-1683). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата.

Пад[уреди | уреди извор]

Поврзано: Пад на Отоманското Царство

Предлошка:Воена и политичка историја на Османлиското Царство Падот на Отоманското Царство (1828– 1908) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по периодот на стагнација (1683–1827). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата.

Распаѓање[уреди | уреди извор]

Поврзано: Распад на Отоманското Царство

Предлошка:Воена и политичка историја на Османлиското Царство Распаѓањето на Отоманското Царство го опфаќа периодот од започнувањето на Младотурската револуција во 1908 година, до конечната поделба на империјата во 1922 година.

Балкански војни[уреди | уреди извор]

Терминот Балкански војни се однесува на две војни, што се случиле во Југоисточна Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8 октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија (Види: Балкански сојуз), ја нападнале Османлиското Царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон.

Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Букурешт.