Јамаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јамаци
Активна1768–1804
ПрипадностОтоманско Царство
Видпешадија
Улогастражар на гарнизон
Дел од серијалот за
Вооружени сили на
Отоманското Царство
Грб на Отоманското Царство
Регрутирање

Јамаци (турски: yamaklar) — помошни трупи на војската на Отоманското Царство[1], кои биле формирани од локалното муслиманско население. Првично, тие биле воени членови на отоманските сили кои во подоцнежните периоди на царството се развиле во нововработените јаничарски трупи и на крајот станале лошо тренирани и лошо платени гарнизори[2][3].Најчесто Јамаците биле професионалци за обезбедување на тесните речни или морски пространства.

Арапскиот збор јамак значи „асистент“ или „пријател[4]. Бошњачкото презиме Јамаковиќ потекнува од отоманскиот термин за „регрут на јаничари[5].

Првично, Јамаците биле цивили кои биле мобилизирани за различни задачи за време на војните или како волонтери кои сакале да бидат регрутирани како јаничари. Локалните занаетчии кои се дружеле со јаничарите биле наречени јамаци затоа што им помагале на јаничарите.

На крајот на 18-ти и почетокот на 19 век тие станале извор на немири и отпорност на реформите. Тие станале познати со изградбата на двете отомански тврдини на Босфорот - Анадолски Хисар и Румелихисар, благодарение на што се случило освојувањето на Цариград.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Shaw, Stanford J.; Shaw, Ezel Kural (27 May 1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey: Volume 2, Reform, Revolution, and Republic: The Rise of Modern Turkey 1808-1975. Cambridge University Press. стр. 517. ISBN 978-0-521-29166-8. yamak: auxiliary soldier
  2. Greene, Molly (2000). A Shared World: Christians and Muslims in the Early Modern Mediterranean. Princeton University Press. стр. 90. ISBN 0-691-00898-1. yamak ( literally, recruit )
  3. Palmer, Alan (19 May 2011). The Decline and Fall of the Ottoman Empire. Faber & Faber. стр. 1960. ISBN 978-0-571-27908-1. yamak: Young janissary mercenaries
  4. Shmuelevitz, Aryeh (1984). The Jews of the Ottoman Empire in the Late Fifteenth and the Sixteenth Centuries: Administrative, Economic, Legal, and Social Relations as Reflected in the Responsa. Brill Archive. стр. 104. ISBN 90-04-07071-0. Yamak means a friend or an assistant,
  5. Berkes, Niyazi; Little, Donald Presgrave (1976). Essays on Islamic Civilization: Presented to Niyazi Berkes. Brill Archive. стр. 254. ISBN 90-04-04464-7. Jamakovi6 ( < Osm. yamak : janissary recruit)