Прејди на содржината

Румелихисар

Координати: 41°05′05″N 29°03′22″E / 41.08472° СГШ; 29.05611° ИГД / 41.08472; 29.05611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Румелихисар
Rumeli Hisarı
Римска тврдина
Поглед кон тврдината
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Румелихисар (Римска тврдина или Румелиска тврдина) е тврдина која се наоѓа во Саријер, област на Истанбул, Турција, на еден рид на европската страна на Босфорот. Таа го дава името на населбата околу неа. Румелихисар е изграден од страна на османлискиот султан Мехмед II, помеѓу 1451 и 1452 година, пред тој да го покори Цариград. Трите големи кули биле именувани по трите везири на султанот, Халил-паша, кој во голема кула изградена веднаш до портата, Заган-паша, кој ја изградил кулата на југ, и Сарика-паша, кој ја изградил кулата на север.

Конструкција

[уреди | уреди извор]

Румелихисар се наоѓа на најтеснит дел од Босфорскиот теснец од 660 метри и е во непосредна (спротивна) близнина на Анадолски Хисар кој бил изграден во времето на Бајазит I. Местото било изберено за да се спречи помошта на престолнината која престигнувала преку Црно Море за време на османлиската опсада. Во претходните опсади на градот, султанот најмногу се соочувал со проблеми поради блокадата на Босфор од страна на взантиската флота. Тврдината која на ова место постоела во времето на Римската империјабила користена како затвор, а подоцна на ова место постоел и манастир.

Во рамките на подготовките за освојувањето на Цариград, Султанот Мехмед II (1432-1481), син на Мурат II, започнал да ја реализира изградбата на тврдината веднаш по неговото второ искачување на престолот во 1451 година. Тој ја одбил молбата за мир со византискиот цар Константин XI Палеолог (1404-1453), кој ја разбрал пораката која султанот ја истаќал со изградбата на тврдината. Изградбата започнала на 15 април 1452 година. Секоја од трите главни кули биле именувани по пашите кои ја надгледувале нивната конструкција. Султанот лично на неколкупати доаѓал за да ја надгледува изградбата. Со помош на илјадници ѕидари и работници, тврдината била завршена во рекордно време од 4 месеци и 16 дена на 31 август 1452 година.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Тврдината Румелихисар се состои од една мала кула, три главни кули и тринаесет мали караули поставени и поврзани со ѕидините на тврдината. Една караула е во вид на квадратна призма, шест караули се оформени како призми со многу агли и шест други се цилиндрични. Главната кула која се наоѓа на север и е во цилиндрична форма, е висока 28 метри (92 стапки), со пречник од 23,30 метри и нејзините ѕидови се 7 m дебели. Денес, оваа кула е наречена кула Фатих (Освојувачот) по Султан Мехмед II. Халил паша кула, која е во форма на призма призма, е сместена во средината на тврдината, е висока 22 метри со пречник од 23,30 метри и дебелина на ѕидините до 6,50 метри. Главната кула се наоѓа на југ, и се вика Заганос кула. Таа има цилиндрична форма и е висока 21 метри (69 стапки), со пречник од 26,70 метри и дебелина на ѕидините од 5,70 m.

Тврдината, која била дизајнирана од архитектот Муслихидин. Во почетокот тврдината се нарекувала Богажкесен. Подоцна таа била преименувана под денешното и име кое име во превод значи “тврдина на земјата на Римјаните“ односно на византиска Европа.

По падот на Цариград, тврдината служела како резиденција во која султанот ги примил своите гости. Своето значење тврдината го изгубила кога на бреговие биле изградени повеќе тврдини. Во 17 век. Потоа таа се користела како затвор, пред сѐ за странски воени заробеници. Румелихисар била делумно уништена од земјотрес во 1509 година, а веќе во следните години истата била на неколкупати реновирена. Во 1746 година, пожарот кој избувнал ги уништил дврените делови на главните кули. Во времето на Селим III таа повторно била изградена.

Тврдината денес

[уреди | уреди извор]

Во 1953 година, по наредба на претседателот Џељал Бајар, жителите од реонот биле преселени по кое започнала обемна поправка на целиот комплекс на 16 мај 1955 година, која траела до 29 мај 1958 година. Од 1960 година, Румелихисар бил претворен во музеј. Освен како музеј, тврдината се користи и како отворен театар за различни фестивални концерти во текот на летните месеци.

Мостот султан Мехмет го поврзува комплексот со градот. Румелихисар е отворен за јавноста секој ден освен во среда. Изградбата била прикажана на турската банкнота од 1939-1986 година[1].

  1. The fortress was depicted in the following Turkish banknotes: Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано на 15 јуни 2009 г.. Banknote Museum. – Links посетено на 20 April 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°05′05″N 29°03′22″E / 41.08472° СГШ; 29.05611° ИГД / 41.08472; 29.05611