Заган-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лала
Заган
Паша
Friedhof Zaganos-Pascha-Moschee.jpg
Голем везир на Отманската Империја
На должноста
1 јуни 1453 – 1456
Монарх Мехмед II
Претходник Чандарли Халил-паша Помладиот
Наследник Махмуд-паша Ангеловиќ
Капудан-паша
На должноста
1463–1466
Претходник Јакуп Беј
Наследник Махмуд-паша Ангеловиќ
Лични податоци
Починал(а) 1462 или 1469
Баликесир, Турција, Отоманска Империја
Националност Отоман
Сопружник принцеза Сити Нефис Хатун
принцеза Фатма Хатун
принцеза Ана Хатун
Вероисповед Суни Ислам
Етничка припадност непозната; се верува дека бил Албанец, Грк или Србин
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска морнарица
 Османлиска војска
Чин Капудан-паша (голем адмирал; 1463–1466)
Битки/војни Падот на Цариград

Заган-паша (турски: Zağanos Paşa; р. 1446 — п. 1462 или 1469) — отомански воен командант, со назив и ранг на „капудан-паша“ и највисокиот воен ранг, Голем везир, за време на владеењето на султанот Мехмед II „Освојувачот“. По потекло бил христијанин, кој бил регрутиран и преобратен преку системот на данок во крв, па станал муслиман и се искачил на повисок ранг преку јаничарите. Станал еден од позначајните воени заповедници на Мехмед II, меѓу кои „лала“ — советник, ментор, тутор и заштитник на султанот. Го отстранил својот противник, претходниот Голем Везир, Чандарли Халил-паша Помладиот, среде падот на Цариград. Подоцна служел како управник на Тесалија и Македонија.

Живот[уреди | уреди извор]

Потекло и ран живот[уреди | уреди извор]

Заган бил регрутиран преку системот данок во крв и се издигнал низ ранговите на јаничарите. Првично бил христијанин.[1][2] Изворите не го наведуваат неговото потекло.[3] Одредени историчари веруваат дека бил Словен или Албанец,[4] додека други пак дека бил Грк или Албанец.[5] Станал посветен муслиман по преобратувањето.[4]

Кога Мехмед II бил протеран во 1446 година, Заган го придружувал.[4]

Втор везир[уреди | уреди извор]

Младиот Мехмед II по неговото враќање и стапување на престолот (18 февруари 1451 г.) го потврдил Чандарли Халил-паша Помладиот како негов прв везир (иако најверојатно не го сакал) и го издигнал Заган-паша од трет на втор везир.[4][5] Халил-паша бил назначен за прв везир во 1439 година, по тргањето на Исак-паша.[6] Заган, кој бил помлад, бил љубоморен на позицијата на Халил-паша.[7]

Освојувањето на Цариград[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Падот на Цариград.
Султанот Мехмед II влегува  во Цариград, слика на Фаусто Ѕонаро (1854–1929).

Во текот на опсадата на Цариград, мнозинството на Отоманската војска била сместена јужно од Златниот Рог. Европските трупи, распоредени долж целата должина на ѕидовите, биле командувани од Караџа-паша. Трупите од Анадолија под водство на Исак-паша биле сместени во близина на Мраморското Море. Самиот Мехмед го подигнал својот црвено-златен шатор близу местото на јаничарите. Башибозукот бил распореден зад првите линии. Други трупи под водство на Заган биле сместени северно од Златниот Рог. Комуникацијата била одржувани преку пат кој бил изграден над мочуриштето од Рогот.[8] По неубедливите напади напред, Османлиите се обиделе да ги пробијат ѕидините преку изградба на подземни тунели со цел да ги поткопаат од средината на мај до 25 мај. Многу од пионерите биле рудари со германско потекло пратени од Ново Брдо од српскиот деспот. Биле ставени под команда на Заган-паша. Меѓутоа, Византијците го имале инженерот Јоханес Грант (за кој се вели дека бил Германец, но најверојатно бил Шкот), кој имал соодветни мерки, дозволувајќи им на византиските трупи да влезат долу и да ги убијат турските работници. Византијците го пресретнале првиот српски тунел ноќта на 16 мај. Подоцнежните напори на 21, 23 и 25 мај биле исто така пресретнати. На 23 мај, Визатијците фатиле и мачеле двајца турски офицери, кои ја откриле местоположбата на сите турски тунели, кои подоцна биле уништени.[9] На 21 мај, Мехмед испратил амбасадор во Цариград и понудил да се тргне опсадата, ако му го дадат градот. Константин XI прифатил да плаќа повисоки давачки на султанот и да го признае статусот на сите освоени замоци и поседи во рацете на Турците како отомански поседи. Истовремено, Мехмед имал состанок со неговите постари офицери. Тука имал одреден отпор; еден од неговите везири, ветеранот Халил-паша, кој секогаш ги оспорувал плановите на Мехмед за освојување на градот, сега го укорил за напуштање на опсадата во пресрет на неодамнешните неволји. Халил бил надгласан од Заган, кој инсистирал на напад. Обвинет за поткуп, Халил-паша бил осуден на смрт подоцна истата година.[10] Мехмед планирал да ги надвладее ѕидините со различни сили, очекувајќи дека ослабената византиска одбрана од долгата опсада нема да може да се носи пред да снемаат трупи и да започнат подготовки за последен напад.

По отоманската окупација на Цариград, султанот наредил Заган да отиде со неговите галии за Галата, со цел да ги спречи византиските бродови да испловат.[11]

Гласините за соработка на Халил-паша со Византијците најверојатно биле раширени од Заган.[4] Заган го наследил Халил-паша како Голем везир.[4] Меѓутоа, во 1456 година, Заган станал жртвен јарец по пропаднатата експедиција против унгарскиот Белград.[4] Ќерката на Заган била избркана од харемот на султанот, а обајцата биле избркани на Баликесир, каде веројатно имал имот.[4] Во 1459 година, Заган се вратил и станал капудан-паша на брзорастечката Отоманска морнарица, а следната година бил гувернер на Тесалија и Македонија.[4]

Личност и изглед[уреди | уреди извор]

За Заган се вели дека бил висок и интелигентен. Бил наречен најсвиреп отомански капетан во тоа време[12] и дека бил непријател на христијаните.[7] Бил апсолутно верен на Мехмед II, дури и кога бил само принц, знаејќи дека неговиот напредок зависи од успехот на принцот.[4] Заган бил војник кој верувал дека Отоманското царство мора секогаш да се шири со цел да ги држи непријателите на страна.[4] Бил познат за неговите воинствени способности и одиграл важна улога во падот на Цариград во 1453 година.

Бил еден од важните воени команданти на Мехмед II и „лала“, советник, ментор, тутор и заштитник на султанот.

Воени достигнувања[уреди | уреди извор]

Во текот на последната опсада на Цариград, трупите на Заган-паша биле првите кои стигнале до кулите. Улибатли Хасан бил првиот војник кој стигнал на кулата. Во текот на опсадата многу од пионирите биле ставени под команда на Заган-паша. Мехмед скоро секогаш ги слушал советите на Заган.

Мехмед II го почести за неговата верност и чесност, заедно со другите двајца везири, Халил-паша и Сарика-паша, именувајќи три големи кули на Румелихисар по него. Кулата на југ е именуван по Заган-паша.

Семејство[уреди | уреди извор]

Се оженил три пати:

  1. Принцеза Сити Нефизе Хатун, ќерка на Тимурташоглу Оруч-паша, генерален гувернер на Анадолија под водство на Мурад II и Фатма Хатун, ќерка на Мехмед I;
  2. Принцеза Фатма Хатун (в. 1444), ќерка на султанот Мурад II и сестра на Мехмед Освојувачот;
  3. Принцеза Ана Хатун (в. 1481 - раз.), ќерка на царот Давид Велики Комнин и Хелена Кантакузене, ќерка на Димитар I Кантакузин.

Неговата ќерка од неговата прва жена се венчала со Махмуд-паша Ангеловиќ.

Наследство[уреди | уреди извор]

Неговиот, како и на неговото семејство, мавзолеј се наоѓа во џамијата Заган-паша, во Баликесир.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stavrides, p. 63
  2. Jones 1973, p. 7
  3. Goldberg-Kasaba-Migdal 1993, p. 153
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 Nicolle 2007, p. 189
  5. 5,0 5,1 Philippides 2007, p. 95
  6. Philippides 2007, p. 171
  7. 7,0 7,1 Jones 1973, p. 32
  8. Runciman 1965, pp. 94–95.
  9. Crowley, Roger. 1453: the holy war for Constantinople and the clash of Islam and the West. New York: Hyperion, 2005. pp. 168–171. ISBN 1-4013-0850-3
  10. Runciman 1965, pp. 126–128, 169–170
  11. Jones 1973, p. 53
  12. Philippides 2007, pp. 177–179
Политички функции
Претходник
Чандарли Халил-паша Помладиот
Голем везир на Отоманското царство
1 јуни 1453 – 1456
Наследник
Махмуд-паша Ангеловиќ
Воени функции
Претходник
Јакуп Беј
Капудан-паша
1463–1466
Наследник
Махмуд-паша Ангеловиќ