Коџа Хусрев Мехмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија

Коџа Хусрев Мехмед-паша[1] (1769 – 1855) — османлиски Капудан-паша („Голем адмирал“) на Османлиската морнарица и државник кој се издигнал на позицијата Голем везир подоцна во неговата кариера, во периодот меѓу 2 јули 1839 и 8 јуни 1840 година за време на владеењето на Абдулмесид I. Сепак, во периодот на 1820-ите, тој имал различни клучни административни улоги во борбата со месните војсководци, реформацијата на армијата, и реформацијата на турската облека.

Во Египет[уреди | уреди извор]

Тој бил миленик на Кучук Хусеин-паша, реформатор кој станал Капудан-паша во 1792 година.[1] Во 1801 година, Хусрев-паша командувал со 6.000 војници кои им помогнале на британците да ги прогонат французите од Розета. Поради ова, тој бил назначен за управник на Египет,[1] од чија позиција бил обвинет за убиството на Хусеин-паша и убиствата и заробувањето на водачите на Мамлузите. Многу од ним биле ослободени или пак побегнале со британците, додека пак останатите ја окупирале Минија меѓу Горен и Долен Египет.

Меѓу овие немири, Хусрев-паша се обидел да ги распушти албанскиот баши-бозук без да ги исплати. Ова довело до бунтови кои го приморале да го напупти Каиро и да се упати во Дамијета, каде бил заробен од заедничките мамелучко-албански војски.[1] Подоцна повторно бил прогласен за управник од страна на Мухамед Али но немал никаква моќ, и само по два дена бил ослободен.

Капудан-паша управник на Требзон[уреди | уреди извор]

Хусрев-паша бил и Капудан-пашана османлиската морнарица во периодот од 1811 до 1818 година. Тој бил назначен за управник на Требзон во два наврати, во периодот кога османлиската држава била во борби за превласт на Црното Море со феудалните владетели.

Грчката војна за независност[уреди | уреди извор]

За време на грчката војна за независност, тој бил назначен за Капудан-паша повторно кон крајот на 1822 година.Во оваа улога, тој го освоил и уништил островот Псара во јуни 1824 годинаи тогаш тргнал кон островот Самос, каде му се придружила египетската флота. Во периодот на месеците јули и август, имало неколку судири спо грчката флота, кулуминирајќи со победа на грците во Битката кај Геронтас.

Осовременување на турската армија[уреди | уреди извор]

Во 1826 година, Хусрев-паша имал важна улога во распуштањето на Јаничарскиот корпус и во создавањето на „Мансурската армија“ налик на онаа на европските сили. Бил назначен за сераксер (командант на војската) во мај 1827 година, Хусрев-паша ги реформирал и дисциплинирал одредите. Бидејќи и самиот не ги знаел современите воени техники, тој создал одбор од странски стручни лица и друг персонал кои требале да му помогнат. Поради воената реформа и целосната контрола нас новата османлиска војска, Хусрев-паша успеал да наметне многу од своите штитеници во воените структури. Вкупно, Хусрев-пашиното домаќинство успеало да даде 30 генерали.[2]

Посвојување на деца кои биле одгледани да бидат високи чиновници[уреди | уреди извор]

Хусрев-паша посвоил преку стотина деца во рана младост, понекогаш дури и робови купени на пазар, кои, по долготрајно образование подоцна станувале штитеници и се издигнувале на високи позиции во државната структура, од кои најзначен бил Ибрахим Еден-паша, дете од Хиос купено во Измир на пазарот за робови во 1822 година по стршниот Хиошки масакар. Леви споменува дека од 27.000 војници во мансурската армија во 1827 година, од вкупниот број на офицери имало група од 70-80 деца на Хусрев-паша.

Прифаќање на фезот и замена на турбанот[уреди | уреди извор]

Хусрев-паша исто така бил и за напуштање на носењето на турбан и го промовирал носењето на фез како сеопшта шапка за муслиманите мажи во Османлиското Царство за време на владеењето на султанот Махмуд II. Тој видел дека фезот го носеле повремено тунижаните и алжирците за време на неговите патувања низ Средоземјетопо што истиот започнал да се носи и во главниот град на Османлиското царство, по што обичајот да се носи се проширил низ целото царство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Inalcık, Halil. Trans. by Gibb, H.A.R. The Encyclopaedia of Islam, New Ed., Vol. V, Fascicules 79-80, pp. 35 f. "Khosrew Pasha". E.J. Brill (Leiden), 1979. Accessed 13 Sept 2011.
  2. Uyar, Mesut; Erickson, Edward (2009). A Military History of the Ottomans: From Osman to Atatürk. стр. 133–4, 145–6. ISBN 978-0-275-98876-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Мехмед Емин Рауф-паша
Голем везир
јули 1839 – 29 мај 1841
Наследник
Мехмед Емин Рауф-паша