Кара Муса-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кара Муса-пашина џамија во Ретимно, Крит

Кара Муса-паша[1] — османлсики војник и државник со босанско потекло кој бил назначен за Голем везир од страна на султанот Ибрахим I на 16 септември 1647 година по погубувањето на Салих-паша Невесинец, здржувајќи се на позицијата само 5 дена до 21 септември. Тој исто така бил и Капудан-паша (Голем адмирал на Османлиската морнарица) во 1647 година.[1]

Муса бил родум од селото Викоча во близина на Фоча, во Босна. Тој бил од семејството Вехабеговиќ. Неговото прво состанување со султанот Мурат IV било во 1630 година. Подоцна во неговиот живот, тој станал ќлрн на диванот и бил избран три пати да служи како заменик во Будим. Таму во 1643 година, добил задача да ја изгради Муса-пашината џамија во Нова Касаба, Босна и Херцеговина. За време на воените дејства на Крит, по смртта на последниот Коџа Муса-паша, Кара Муса-паша се стекнал со титулата Капудан-паша во 1647 година.[1] Кога го нападнал градот Ретимно на Крит, hтој таму една од црквите ја претворил во џамија, која сѐ уште опстојува како „Кара Муса-пашина џамија.“ Сепак, поради немањето на многу успеси, тој бил разрешен.

Исто така додека се борел во војната, царскиот печат кој го означувал неговото назначување за Голем везир бил испратен со брод. Откако ги добил вестите за неговото унапредување, но не го имал сѐ уште печатот, тој бил прескокнат за местото Голем везир поради влијанието на Хезарпаре Ахмед-паша над султанот, бил избран за следен Голем везир.[1]

На почетокот на истата година се оженил за Шеќерпаре Хатун,[1] дворска дама и миленичка на султанот, што било причина за неговото назначување за Голем адмирал.[2]

Во декември 1647 година, Муса-паша бил назначен за управник на Багдад. Тој се задржал на оваа позиција нешто повеќе од една година се до јануари 1649 година, кога бил разрешен и се вратил во Цариград. Бил погубен истата година[1]по наредба на султанката регент Косем.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Süreyya, Bey Mehmet, Nuri Akbayar, and Seyit Ali. Kahraman. Sicill-i Osmanî. Beşiktaş, İstanbul: Kültür Bakanlığı Ile Türkiye Ekonomik Ve Toplumsal Tarih Vakfı'nın Ortak Yayınıdır, 1890. Print.
  2. „Şekerpare Hatun“ (Turkish). Ottoman Bank Archives. 
Политички функции
Претходник
Салих-паша Невесинец
Голем Везир
16 септември 1647 - 21 септември 1647
Наследник
Хезарпаре Ахмед-паша