Гедик Ахмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гедик
Ахмед
паша
Голем везир на Османлиската Империја
На должноста
1474–1477
Монарх Мехмед II
Претходник Махмуд-паша Ангеловиќ
Наследник Караманли Мехмед-паша
Лични податоци
Починал(а) 18 ноември 1482
Одрин
Националност Отоманска
Вероисповед исламска
Потекло грчко или српско
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска војска
 Османлиска морнарица
Чин капудан-паша
Битки/војни Опсада на Родос (1480)
Османлиска инвазија на Отранто

Гедик Ахмед-паша (? - починал на 18 ноември 1482 во Одрин) бил османлиски државник и голем везир на империјата во периодот од 1474 до 1477 година. Денеска не е познато неговото потекло, но според некои историчари имал грчко или српско потекло[1][2].

Гедик Ахмед-паша претходно бил командант на морнарицата во времето на Мехмед II и Бајазид II. Под негово водство во Анадолија бил покорен последниот румски бејлик Караманија. Исто така учествувал во војната со Венеција во 1475 година а бил испратен и да помогне на Кримското Ханство во нивната војна со Џенова, каде го покорил грчкото кнежество Теодоро. По овој настан Кримското Ханство влегло во сферите на влијание на Османлиската Империја. Гедик учествувал и во нападите на италијанските острови, имал неуспешен напад на Родос во 1480 година. Во негово време биле убиени 800 христијани кои одбиле да го прифатат исламот.

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Махмуд-паша Ангеловиќ
Голем везир на Османлиската Империја
1474–1477
Наследник
Караманли Мехмед-паша