Махмуд Недим-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Махмуд Недим-паша

Махмуд Недим-паша (~ 181814 мај 1883) — османлиски државник грузиска народнсот.[1] Татко му Мехмед Неџиб-паша бил валија на Багдадскиот вилает.

Бил на неколку пониски државни функции во Високата порта, па потоа станал министер за надворешни работи, валија на Дамаскиот и Ајдинскиот (измирски) вилает, министер за трговија, па потоа и валија на Триполскиот вилает.[2] Освен тоа, бил успешен и како министер за правда и министер за морнарицата во 1869 г., па потоа два наврата и голем везир (премиер), од 1871 до 1872 и 1875 до 1876 г.

Бил многу близок со султанот Абдул Азис, но и под големо влијание на рускиот амбасадор, генералот Николај Игнатјев пред Руско-турската војна. Поради оваа „послушност“ кон Русите го добил прекарод „Недимов“.

Се смета дека бил неуспешен како голем везир по сите основи, и дека е одговорен за издавањето на указот со кој се укинуваат каматите на паричните средства во земјата. Служел и како министер за внатрешни работи од 1879 до 1882 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Buṭrus Abū Mannah (2001), Studies on Islam and the Ottoman Empire in the 19th century, 1826-1876, стр. 163. Isis Press, ISBN 975-428-187-4
  2. Sinan Kuneralp (1999). Son Dönem Osmanlı Erkân ve Ricali, 1839-1922: Prosopografik Rehber. İsis. стр. 89. http://books.google.com/books?id=Q0lpAAAAMAAJ. 


Политички функции
Претходник
Мехмед Емин Али-паша
Голем везир на Отоманската Империја
септември 1871 – 31 јули 1872
Наследник
Мидхат-паша
Претходник
Ахмед Есад-паша
Голем везир на Отоманската Империја
21 август 1875 – 11 мај 1876
Наследник
Мехмед Рушди-паша