Гази Хусрев-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гази
Хусрев
паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
6 април 1628 – 25 октомври 1631
Монарх Мурат IV
Претходник Дамат Халил-паша
Наследник Хафиз Ахмед-паша
Лични податоци
Починал(а) март 1632
Токат
Националност Османлија
Установа Одрин
Босанско

Гази Хусрев-паша (починал во 1632 во Токат) бил османлиски државник и Голем везир во периодот од 6 април 1628 до 25 октомври 1631 година.

Тој имал босанско потекло и како мал бил одведен во Одрин каде и се образувал. Во 1625 година станал везир. Во времето на второто востание на Абаз, Дамат Халил-паша кој бил голем везир се обидел да го завземе Ерзурум но по 70 дена следувало повлекување на неговите сили и негово разрешување од функцијата. Така Гази Хусрев-паша станал Голем везир. Во септември 1628 година новиот везир започнал со опсада на Ерзурум, кој имал донесено и топови за разбивање на ѕидините. На 18 септември 1628 година Абаз одлучил да се предаде но под услов да не биде убиен. Ова негово барање било исполнето и востанието завршило неуспешно.

Гази Хусрев-паша со завземањето на Ерзурум стекнал голема слава станувајќи де факто владетел на царството бидејќи според историчарот Јозеф фон Хамер, неговите наредби биле подобри од наредбите на петнаесетгодишниот султан Мурат. Во следните месеци, Хусрев успеал да го намали бројот на везирите а биле разрешени и голем дел од неговите политички противици.

На 4 мај 1630 година на чело со Гази Хусрев-паша се одвива битката кај Махидашт во која Османлиите победиле. По ова започнала нова опсада на Багдад. Поради неуспешната опсада главниот везир Хусрев-паша бил разрешен од функцијата во 1631 година.[1]. Веста за неговото разрешување предизвикала општи немири во царството. Неговиот наследник Хафиз Ахмед-паша бил убиен од страна на бунтовниците во палатата, а султанот Мурат го обвинил Хусрев-паша за немирите и испратил дел од своите сили во Токат, каде се наоѓал Хусрев-паша. По мали судири Хусрев-паша бил заробен и погубен во март 1632 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi (condensation: Mehmet Ata) Milliyet Yayınları, İstanbul, cilt II pp 200–201
Политички функции
Претходник
Дамат Халил-паша
Голем везир
6 април 1628 – 25 октомври 1631
Наследник
Хафиз Ахмед-паша