Прејди на содржината

Востание на Абаза Мехмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Востание на Абаза Мехмед-паша
Датум 1624-1628
Место Ерзурум, Османлиско Царство
Исход османлиска победа
Територијални
промени
Анадолија
Завојувани страни
востаници Османлиско Царство
Команданти и водачи
Абаза Мехмед-паша Хафиз Ахмед-паша
Гази Хусрев-паша
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Востанието на Абаза Мехмед-паша се случило во текот на владеењето на османлискиот султан Мустафа I (1622-1623) и Мурат IV (1623-1640). Понекогаш оваа востание се смета како дел од т.н. востанија на Џелали.

Отоманскиот султан Осман II (1618-1622), имал неуспешна опсада na градот Хотин во денешна Украина, тогаш Полско-литванска Државна Заедница. Како одговорен за неуспешната опсада го посочил јаничарскиот корпус, кои во времето на стагнацијата на империјата доживеале голем пад на својата моќ. Осман од друга страна планирал за создавање на нова армија заснована на туркменските племиња во Анадолија. Младиот и неискусен султан директно ги открил своите намери, а ова најмногу ги предизвикало на јаничарите да се дигнат против султаноѕ во главниот град Истанбул. Револтот резултирал со затворање на Осман II и негово убивање на 20 мај 1622 година. Овој атентат предизвикал шок низ целата империја.

Прво востание

[уреди | уреди извор]

Абаза Мехмед бил управител на Ерзурум во Источна Анадолија и според некои историчари тој бил еден од консултантите на Осман II за укинување на јаничарскиот корпус. Кога дознал за атентатот врз султанот тој започнал со протерување и убиства врз јаничарите кои биле на должност во неговата покраина. Иако на 17 ноемави 1622 година бил разрешен од својата функција, тој продолжил со управување на Ерзурум тврдејќи дека бил лојален на османлиската династија одидувајќи се да ги казни оние кои биле одговорни за атентатот. Туркменските сили во Анадолија кои исто така ги обвиниле на јаничарите лесно ја прифатиле неговата кауза и наскоро започнале да контролираат поголем дел од Источна и Централна Анадолија[1].

Во 1624 година Портата конечно одлучила да се бори против силите на Абаза. На чело на армијата бил назначен Хафиз Ахмед-паша. Судирот се случил во близина на Кајсери на 16 август 1624 година. За време на битката дел од силите на Абаза преминале на страната на Хафиз-паша па Абаза доживеал пораз.[2]. Водачот успеал да побегне во Ерзурум.

Второ востание

[уреди | уреди извор]

Во времето на Османлиско-персиската војна (1623-1639), персиската армија се заканила со преземање на османлискиот град Ахишка, денеска во Грузија. На Абаза, кој претходно успеал да ги наговори властите да го задржат како управител на Ерзурум, сега од османлискиот двор му било наредено да се придружи кон османлиската армија на чие барање тој се спротивставил. Така наместо да им помогне на јаничарските сили, тој во погоден момент успеал да изврши напад врз неподготвените за таква битка јаничари, па голем дел од османлиските паши биле убиени.

По овој срамен пораз, големиот везир Халил-паша бил разрешен од функцијата а на негово место бил ставен Гази Хусрев-паша. Во септември 1628 година новиот везир започнал со опсада на Ерзурум. Тој имал топови на располагање. На 18 септември 1628 година Абаза одлучил да се предаде но под услов да не биде убиен. Така неговото барање било исполнето и востанието завршило неуспешно[3][4].

  1. Lord Kinross:The Ottoman Centuries (trans: Meral Gaspıralı)Altın kitaplar, İstanbul, 2008,ISBN 978-975-21-0955-1 p295
  2. Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi (condensation: Mehmet Ata) Milliyet Yayınları, İstanbul, cilt II pp 175, 183-184
  3. Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi (condensation: Mehmet Ata) Milliyet Yayınları, İstanbul, cilt II pp 189-191
  4. Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim: Türkiye Tarihi III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, p 69