Критско востание (1896–1897)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Критски востаници

Критското востание од 1897–1898 било успешно востание на грчкото население на Крит против османлиската власт. Востаниците првично добивале помош од Кралството Грција, а подоцна и од Големите сили (Обединетото Кралство, Франција, Италија, Австроунгарија, Германија и Русија).

Востанието претставувало кулминација на неколку неуспешни востанија на Крит во текот на 19ти век. По избунувањето на воените дејства, некои европски сили се обиделе да посредуваат во конфликтот, да го блокираат Крит и да ја запрат борбата на островот.

Конфликтот зафршил во 1898 кога востаниците и осмалиските власти се согласиле на формулата претставена од европските сили со која на Крит му била дадена автономија.