Второ трновско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Второ трновско востание
Rstratimirovic.jpg
Ростислав Стратимировиќ
Датум 1686
Место Трново, Бугарија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Бугарски востаници Fictitious Ottoman flag 1.svgОсманлиска империја
Команданти и водачи
Ростислав Стратимировиќ непознато
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Второто трновско востание претставува бугарско востание кое избувнало во 1686 година против османлиската власт во Бугарија. Востанието избувнало во Трново, а на чело на востанието бил Ростислав Стратимировиќ.

Во 80-тите години на 17 век во Бугарија се создале поволни услови за избувнување на востание. Во 1683 година, околу 200.000 војници на Османлиската империја тргнале кон Виена за зазимање на градот. По неуспешниот обид на Османлиите, кон христијанскиот сојуз се приклучиле Полска, Венеција а подоцна и Русија. Во 1686 година била создадена Света лига која повела кампања за протерување на Османлиите од Централна Европа и Балканот.

Оваа присуство на христијанскиот сојуз на Балканот ги принудила на Бугарите да организираат востание во Трново. Целта била со подршка од Русија да се порази Османлиската империја на овие простори. Ростислав Стратимировиќ, кој се претпоставува дека бил потомок на Иван Срацимир, бил испратен во Москва, каде добил подршка од страна на московскиот патријарх Јоаким III.

Востанието избувнало во 1686 година во Трново. Веднаш по ова била испратена османлиската армија за задушување на востанието. Водачите на востанието пристигнале по избувнувањето му, заедно со околу 4000 војници. По линијата Трново-Софија се воделе неколку битки, во кои христијаните биле поразени.