Кумановско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кумановското востание е организиран отпор на македонското населние во северна Македонија против Отоманската империја кон крајот на Руско-турската војна. Востанието ги зафатилео кумановско, кривопаланечко, кратовско, овчеполско, а центар на востанието бил манастирот Забел.

Причини[уреди | уреди извор]

Една од главните причини за започнувањето на овие борби е фактот што Македонија и во втората половина на 19 век и понатаму се наоѓала во рамките на Отоманската империја, а дополнително влијание имало социјалните услови во кои живеело населението и постојаните напади на албанските разбојнички банди.

Повод[уреди | уреди извор]

Учество на македонците во војните на Србија, Црна Гора и Русија протв Турција[уреди | уреди извор]

Започнувањето на Руско - турската војна имала силен одsив меѓу македонските печалбари во Србија, Романија, Бугарија и Грција. Еден дел од македонските доброволци кои учествувале во Српско - турската војна се префрлиле во Романија и заедно со тамошните македонски печалбари се приклучиле кон руската армија и со неа преминале во Бугарија. Организирањето на македонските доброволци му биле доверени поранешнот руски конзул од Битола, Хитрово и Стојан Везенко од Крушево. Од околу 400 македонски доброволци биле формирани неколку чети на чело со од порано истакнатите Дедо Иљо Малешевски, Ѓорѓи Пулевски, Антонов и други. Во рамките на српската војска исто така имало македонски доброволци, го зазела на Врање на 19 јануари 1878 година по што биле заземени и неколку села во Кумановско [1]. Предните делови на српската војска успеале да стигнат до Табановечката шума и Четирските Врвови и тука застанала со напредувањето зошто Русија и Отоманската империја склучиле примирје во Одрин.

Албански банди[уреди | уреди извор]

При чекањето на српската војскана во почеткот 1878 година, населението од кумановско и пчиња, стремејќи се за слобода, почнал да се одметнува на планине Козјак и Герман. Меѓутоа Албанците истовремено започнале да пљачкаат села и христијанското население. Една група од 17 Албанци влегла во куќата Арсе Стојков из села Осларе. Арсе загинал убивајќи го водачот на бандата, а целото село набргу се кренало, тако да ни еден Албанец не излегол од него. Истовремено, друга арнаутска банда је нападнала куќата бујановечкиот кмет Ташко. 40 Арнаути је силувале Ташковата снаа и ќерка, док тој со синиовите врзани биле принудени да гледаат. Кога се ослободиле, Ташко и негови синови го кренале Бујановац и формирале потера. Кај Челопек, Арнаутите биле пресретнати и сите 40 разбојници биле ликвидирани.

Навлегувањето на македонските чети[уреди | уреди извор]

Уште пред да биде фиксирана демаркационата линија меѓу завојуваните страни, македонските доброволци од руската и српската војска побрзале:

да ги реализираат своите стремежи за ослоодување на Македонија, за што и стапнувале во оваа војна [1]

Паниката во турските редови дополнително им дале мотивација на македонските чети да навлезат во Македонија. Дедо Иљо Малешевски од Ќустендил се упатил кон источна Македонија, а македонските доброволци кои се бореле во составот на српската војска на чело со Јаким Челопечки, Никола Алгунски и други се упатиле во Кумановско и Кривопаланечко [1].

Востание[уреди | уреди извор]

Почеток[уреди | уреди извор]

Јаким Челопечки и Никола Алгунски по навлегувањето во северна Македонија склучиле таен договор со селаните и градските првенци од тој дел на Македонија да се крене востание. Притоа било договорено да им се одмаздат на муслиманите за нанесените навреди и грабежи од страна на турската војска и башибузлук. Во близината на манастирот Забел, кој станал центар на востаниците, се собрале 500 селани. Меѓутоа имало недостаток на оружје и муниција и затоа востаниците се обратиле на пограничните српски власти и кнезот Милан барајќи воени материјали. Српскиот генерал Јован Белимарковиќ им дал 2 000 пушки и им ветил дека Србија ќе ги помогне и со друго. Според некои не проверени податоци бројот на востаниците се искачил на околу 3000 - 4000 души [1]. Еден дел до нив логорувале во кумановско, а останатите биле во кривопаланечко.

Проширување[уреди | уреди извор]

Востанието ги зафатило кумановката и кривопаланечката каза, а постепено востанието се раширило во Кратовската каза, селата Малино и К’шани во Овче Поле. Востаниците успеале да издржаат неколку напади на османлиите на ридот Св. Петка, четириските и никулските височини. На 24 април во логорот кај Забел пристигнале турски парламентарци кој им ветиле полна амнестија на востаниците ако ги прекратат своите дејствија но предлогот бил одбиен [1].

Задушување[уреди | уреди извор]

На 31 мај 1878 година Хафис - паша од Приштина со 5 табури и батерија артилериска тргнал против востаниците. Голем дел од востаниците загинале кај Челопек, а под притисок на турската армија, востаниците биле принудени да се повлечат од своите позиции. На 4 јуни османлиите ја зазеле Крива Паланка и стигнале до демаркационата линија [1]. Востаниците биле принудени зедно со голем дел од населението да бегаат кон Србија. Османлиите во текот на задушувањето на востанието спроведувале одмазда, мажите биле набивани на колци, жените биле силувани, а селата биле палени. Голем број на христијански жени биле продадени како рабови. Меѓутоа еден дел од востаниците се засолниле на планините Козјак и Герман од каде продолжиле да ги вознемируваат турските власти.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година