Романтизам во докажувањето на македонската инивидуалност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Романтизмот во докажувањето на македонската инивидуалност е тесно поврзан со развојот на македонската национална мисла и конституирањето на македонската нација. При своето национално конституирање, Македонците наишле на странските пропаганди, кои ја негирале самобитноста на македонскиот народ и затоа младите македонски дејци се свртеле кон Романтизмот како средство за разграничување од грцизмот и бугаризмот, докажувајќи дека Античките Македонци се Словени, што преставувало антиисториско тврдење [1]. Повикувањето на Античка Македонија било дистанца од Бугарите, а словенскиот корен на Античките Македонци било дистанцирање од Грците, како одговор на нивните посегања кон Македонија и кон Македонците.

Причини[уреди | уреди извор]

Во средината на 19 век македонската национална мисла започнала да го пробива својот пат кон создавање на македонската нација, на самиот почеток на тој пат, името Македонци било истакнато како белег на индивидуалност и посебност.

Меѓутоа поради социо-економските, општестевените и другите услови многу доцна дошло до будење на македонската национална свет, a не постоела развиена македонска интелигенција која би можела научно да ја проучува етногенезата на македонскиот народ. Во такви услови населнието во Македонија , покрај терминот христијани, почнало себеси да се идентификува со името Македонци кое битувало со векови, односно самоидентификацијата била направена врз основа на татковината во која живееле, а во нивниот случај станувало збор за Македонија .

Меѓутоа таквата идентификација била нападната од странските пропаганди , кои меѓу другото ги поставиле прашањата:

a) Како можат да се нарекуваат Македонци, кога немаат никаква државноправна традиција под тоа име
б) Како Словените кој дошле во 6 век може да имаат врска со Античките Македонци

Под тие налети и неразвиената научна мисла Македонците зазеле едно антиисториско тврдење, докажувајќи дека Античките Македонци се Словени, тврдејќи дека се потомци на:

Филип и Александар Македонски, на славниот филозоф Аристотел [2]

Романтичарски занес[уреди | уреди извор]

Македонците во средината на 19 век, па и подоцна, неможејќи да дадат научно објаснување за етногенезата на македонскиот народ, односно да ја објаснат врската меѓу Античките Македонци, Словените и континуитетот на името Македонија низ вековите, се свртеле кон Романтизмот.

Слично како на соседните народи, кои се повикувале на античката историја, на грчките градови-полиси, историјата на Византија, на Првото и Второто бугарско царство од Средниот век, Македонците го истакнувале славното минато на Античка Македонија на Филип II Македонски и Александар III Македонски, на тој начин ја пополниле празнината која постоела во однос на државноправната традиција под македонско име.

Меѓу прврзнаниците на оваа терија бил и Стефан Захариев. Во 1871 година во списанието Читалиште била објавена неговата статија под името Македонско пирување во која говорел за верувањата на Античките Македонци, за потчинетоста на Стара Грција под македонска власт. Захариев истовременоо ја подвлекол и современата состојба на Македонците и влијанието на грчката пропаганда , истакнуваќи:

... Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се одалечуваше од нивнаната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше... Според тоа ако ни бешецелта да ги опшеме зачуваните во грчките книги Свадбарски обичаи и гозби на древните Македонци, причината на одалечување од предметот се состои да ја покажеме цивилизацијата на македонските Словени, во што таа се состоела во времето на Александар и до каде стигнувало нивното образование, за да ги требуваат Елините за подбив и сегашната нивна заблуда и незнаење, во кое ги фрлиле гркофенерските владици и да ги поканиме нашите родољубиви сонародници да им помогнат и морално, и материјално... [3]

Негации и критики[уреди | уреди извор]

Повикувањето на Македонците кон славното минато на Филип и Александар, предизвикало критика од бугарска и грчка страна и од нивните пропаганди.

Во почетокот на 70-те години на 19 век, преставникот на бугарската интелигенција Петко Рачов Славејков бил принуден да изнесе на дневен ред македонското прашање кое според него веќе 20 години било актуелно [4]. Славејков меѓу другото истакнал дека:

... Таква цел се гледа дека имаат некои од нашите македонски браќа и таа цел ја кријат тие под превезот на јазикот и на неговото наречје, затоа си дозволуваме и ние да кажеме за македонското прашање. Многупати сме слушале од македонистите дека тие не биле Бугари ами Македонци, потомци на дрвните Македонци и секогаш сме чекале некакви докази за тоа, без да ги дочекаме... За да му дадат сила на своето произволно основание, македонистите посочуваат разлика меѓу македонското и горнобугарското наречје, од коешто првото било поблизу до словенскиот јазик, а второто било измешано со татаризми и др. [4]

Кога во 50-те и 60-те години на 19 век, Македонците се декларирале како потомци на Филип , Александар и Древната Македонија, без примеси на словенско потекло, грчката пропаганда гледала со симпатии и ја потхранувала таквата мисла за да ги вртата Македонците кон грцизмот. Меѓутоа:

кога на Македонците од античка Македонија, носителите на македонската индивидуалност, започнале да им даваат словенски белег, големогрчката пропаганда осетила реална опасност за своите големогрчки аспирации на Македонија и се зафатила, слично на големобугарската пропаганда, за историјата и докажувала дека меѓу Старомакедонците и словенското население во Македонија нема никаква врска [1]

Бугарските аргументи и обвинувања зависеле од која страна доаѓала опасноста за нејзината големобугарска политика кон Македонија. Кога носителите на македонскиот индивидуалитет ја истакнувале идејата за потекло од Античките Македонци, биле обвинувани за спроводници на грчката пропаганда, дека сакаат даа го заблудат македонскиот народ и да го привлечат кон грцизмот [2].

Меѓутоа кога истите тие тврделе дека Античките Македонци се Словени, биле жигосани како Македонисти и биле исмејувани како прости луѓе кој не ја познаваат историјата [4]. Бугарските напади стиганеле до таму што прврзаните на теоријата за етничкото потекло на современите Македонци од Античките Македонци ги обвиниле дека се грчки агенти и спроводници на грчката идеја, иако самите т.н Македонисти истакнале дека:

Македонците не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Власи, туку едноставно Македонци [1]

Покрај тоа носителите на македонскот индивидуалитет во секоја прилика ги истакнувале своите етнички белези и изјавувале дека Македонците се Словени, за разлика од Бугарите, кои се мешавина од Словени, Татари и други [4].

Значење[уреди | уреди извор]

Некритички прифаќајќи го свото потекло од старомакедонската држава, која владеела речиси со целиот свет, македонските народни маси растеле во своите сопствени очи. Тоа романтичарско поврзување со старомакедонската држава станало основа во натамошниот развиток на македонската национална мисла, кое се сретнува кај широките народни маси и денес [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. 2,0 2,1 Ст. Салгънджиев, Лични дела и спомени по възражданието на солунските и серските българи. Пловдив 1906, с. 34-35
  3. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 П. Р. Славейков, Македонсийт въпрос. Македония, Цариград, V, 3, од 18. I. 1871