Христијанско добротворно друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Христијанското добротворно друштво е културно-просветно друштво формирано од страна на солунското македонско граѓанство со цел да се спротистават на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда во Македонија [1].

Основање[уреди | уреди извор]

По Берлинскиот конгрес солунското македонско граѓанство го формирало Христијанското добротворно друштво. Оваа дружина си поставила за цел да го помага отворањето на училиштата во Солун и неговата околина, притоа да се грижи за учителите, учениците и училишните помагала. Правно овие надлежности и припаѓале на солунската црковно - училишна општина, односно на Егзархијата.

Цел[уреди | уреди извор]

Солунското граѓанство било незадоволно од егзарихската просветна дејност и форсирањето на филијалите на Христо Г. Данов и н. Манчев во снабдувањето на училиштата со бугарски јазик. Оваа допринело солунското граѓанство да го создаде Христијанско добротворно друштво.

... по својата суштина... се работи за јазичен спор, а основањето на Друштвото било форма, македонската граѓанска класа да се брани од големобугарското влијание [1]

Друштвото се залагало за доследно спроведување на наредбите на вилаетските власти за назначување на отомански поданици за учители, во егзархиските училишта да се користат учебници печатени во Османлиската империја и тие да бидат одобрени од моариф - комисионс [2].

Дејност[уреди | уреди извор]

Затоа Друштвото се обратило на Учителскиот совет во машката гимназија Св. Кирил и Методиј да биде подржано во неговото барање за отварање на една печатница во Солун, каде би се печателе учебници егзархиските училишта на:

мајчин јазик, за да ги разбираат нашите деца [3]

Во Учителскиот совет најголемиот дел од учителите биле родум од Македонија и затоа таквото барањето на Друштвото било прифатено. Советот се обратил во Цариград и побарал дозвола за отварање на печатница во Солун каде би се печателе: учебници, литература и учебни помагала на мајчин јазик.

Барањето до Егзархијата било потпишано од страна на Трајко Китанчев родум од Ресен. Меѓутоа Егзархијата го одбила барањето дека тоа во себе носи:

јазичен сепаратизам, толку погубен за единството на бугарскиот народ во толку критични моменти за него [1]

И покрај негативниот одговор Друштвото започнало со набавка на материјалите за печатницата, финансиските средства биле доверени на приватно лице за тој да ја отвори печатницата на негово име, за да се одбегне судир со Егзархијата. Друштвото се обратило до раководителот на лозаристите во Солун, Августо Бонети и преку него да се купи печатарска машина и букви за предвидената печатница.

Друштвото започнало и дејност за пишување на учебници на македонски јазик [1]. Конкретно на една од своите седници било решено да се отпечати учебникот по минерологија на учителот Стателов напишан на македонски јазик [4] , а на истата седница Кузман Шапкарев бил поканет да напише читанка на македонски јазик [1]

Судир со Егзархијата[уреди | уреди извор]

Поради таквата дејност Егзархијата го обвинила Друштвото за:

сепаратистичка дејност, која во моментот никому не му е потребна [5]

На ваквото обвинение Друштвото истакнало дека тоа е несоновано и не станува збор за сепаратизам, туку за исполнување на владините наредби [1]. Друштвото и покрај обвиненијата продолжило со својата дејност и нејзиниот претседтел Левчев заминал за Виена со цел таму да набави печатарска машина и букви.

Меѓутоа интервенирал Козма Пречистански, тој бил претседател на Егзархиската црковно - училишна општина во Солун, а турските власти Левчев го вратиле назад од границата.

По неуспешниот обид, Друштвото го ангажиарало Самуил Нахмијас да замине во Виена по истата работа. Тој не се вратил со машината за печатање но се вратил со ветување дека уредил Конгрегацијата за пропаганда на верата од Рим да испрати печатница во Солун за потребите на Друштвото [6] . Меѓутоа ветувањето не било исполонето.

Растурање[уреди | уреди извор]

Не откажувањето на Друштвото од својата намера да отвори печатница во Солун довеле до тоа Егзархот преку Козма Пречистански да го обвини Друштвото за илегална дејност и да побара негово растурање бидејќи за неговите темни дејствија Бугарската егзархија не може да се смета за виновна [7], а кон овие обвиненија се приклучил и рускиот конзул од Солун.

Затоа вилатеските солунски власти издале наредб за апсење на видни членови на Друштвото и негово растурање. Сите оние учители од машката гимназија Св. Кирил и Методиј кои се солидзризирале со Друштвото и неговите цели биле суспензирани и прунудени да заминат во Бугарија.

Укинувањето на христијанското добротворно друштво во Солун како форма на отпор против големобугарската пропаганда спроведувана од Егзархијата и сердество за воведување на македонскиот јазик во училиштата, не значело и запирање на активноста на македонската граѓанска класа во Солун. Иницијативите биле само пренесени врз македонската интелигенција, концентриана во солунската гиманзија, посебно врз школската младина [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Прот. екз. п., бр. 265 од 29 мај 1882
  3. Прот. екз. п., 529, од 6 октомври 1882
  4. Прот. екз. п., 1882 бр. 619 од 4 номври 1882
  5. Прот. екз. п., 1882 бр. 711 од 11 номври 1882
  6. Archivio S. Conbregazio di Propagnada Fide - Roma. Цит. фон и писма
  7. Прот. екз. п., 1884 бр. 63 од 16 јануари 1884