Сојуз на бугарски уставни клубови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Основачки конгрес на СБКК во Солун, септември 1908 г.

Соjузот на бугарските уставни клубови (бугарски Съюз на българските конституционни клубове) е политичка партиjа создадена во Отоманската империја после Младотурската револуциjа од членови на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организациjа кои преминале во легалност. Постои малку повеќе од една година, од септември 1908 до ноември 1909 година. Основен политички противник им е Народната федеративна партија (Бугарска секција).

Создавање, цели и идеи[уреди | уреди извор]

Од 7 до 13 септември во Солун се спроведува основачкиот конгрес на Соjузот на бугарските конституциони (уставни) клубови. На него присуствуваат 72 претставника на македонската бугарска буржоазиjа и само двајца земjоделци, еден занаетчиjа и еден работник. Се прифаќаат програмата и уставот на организациjата во кои што jасно се изнесени неjзините цели:

Бугарскиот конституционен клуб има за цел: а) да спроведува граѓанско и политичко воспитување на бугарскиот народ во духот на конституционите (уставните) слободи – локално самоуправување во Македониjа и Одринско; б) да jа чува и развива бугарската народна култура.
Првиот редовен конгрес на СБКК во Солун во 1909 година.

За членови на Централното биро се избрани Тома Карајовов, Владимир Руменов, Тодор Лазаров, а основачи се уште и Георги Кулишев, Георги Баждаров, Кирил Прличев, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Симеон Радев и др. Христо Татарчев отворено го подржува СБКК иако не учествува во неговата работа. После изборите на 25 октомври, СБКК внесува во парламентот два пратеника – Тодор Павлов од Скопjе и Панчо Дорев од Битола. Весникот „Отечество“ (Татковина) служи за разjаснување на идеите на политичката организациjа. Во броj 43 од 18 јули 1909 година во статиjата посветена на Илинденското востание се вели:

Десетти jули [„huruet“], тоа е епилог на Илинден; Илинден, тоа е наj-торжествениот акт на величествената македонска револуционерна драма. Без Илинден не би имало 10 jули. Последната дата е општоосманска. Илинден е наш, на бугарите.“

СБКК во своите програмски документи главно се залага за колективните права на одделните не-турски народности во империjата, аграрни и социjални реформи со цел за подобрување на положбата на христиjанското население. Силно се акцентира автономиjата на Македонија и Одринско, како и важната обединувачка улога на Бугарската егзархиjа како православна црква на сите тамошни Бугари. Организациjата се спротивставува на масовното колонизирање на македонските земjи со муслимански населеници.

Весникот „Работническа искра“, чиј уредник е Васил Главинов во бр.4 (Битола, 5.11.1909), во уводната статија „Партиите и работниците“ дава своја карактеристика на Сојузот на бугарските конституционии клубови:

... Бугарската македоно-одринска конституциона партија ги претставува интересите на трговците и индустријалците, на фабрикантите и заможните еснафи, кои утре ќе се преобразат во индустријалци и големи трговци, на предприемачите, селските заможни стопани и лихвари - со еден збор, на класата која се нарекува граѓанска или буржоаска класа. Како партија на таа класа, која е националистичка, која сака да се соедини со своите браќа во Бугарија, Бугарската македоно-одринска конституциона партија е исто така националистичка и со сите свои стремежи и идеали на бугарската буржоазија во Македонија и Одринско"...

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]