Христо Батанџиев
Христо Батанџиев | ||
Роден | ? Гуменџе, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 18 јуни 1913 Егејско Море |
Христо Иванов Батанџиев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.
Животопис[уреди | уреди извор]
Христо Батанџиев е роден во Гуменџе, Ениџевардарско. Тој најпрво работел како учител во солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа бил секретар во солунската општина и Егзархиската Митрополија во Солун.
Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. Организацијата е основана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во неговото живеалиште.
По Младотурска револуција во 1908 година и Хуриетот бил активен член на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.
Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во Егејското Море од страна на Грците.
Денес во софискиот кварт Орландовци е именувана една улица по него [1][2], а во Скопје е именувана една спортска сала во општината Ѓорче Петров.
|