18 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јуни 2024 18 јуни — 169-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (170-ти во престапна година). Остануваат 196 дена до крајот на годината.

Настани:

1583  Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.
1821  Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин.
1940  Втора светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур.
1940  Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.
1953  Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб.
1965  Во Алжир е извршен воен преврат брз државата. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.
1996  Венјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.
1997  Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.
2000  Башер ел-Асад е избран за водач на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад.

Родени:

1491  Хенри VIIIкрал на Англија.
1812  Иван Гончаров — руски писател.
1866  Стамат Икономов — бугарски офицер.
1882  Георги Димитров — раководител на БКП и премиер на Бугарија.
1902  Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец.
1918  Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
1922  Жамила Колономос — македонска револуционерка.
1935  Слободан Мицковиќ — македонски есеист и книжевен критичар.
1942  Пол Макартнианглиски пејач и текстописец.
1943  Рафаела Кара — италијанска пејачка.
1946  Фабио Капело — италијански фудбалски тренер.
1948  Брацо Димитријевиќ — босански концептуален уметник.
1949  Лех Качињски — полски политичар.
1952  Изабела Роселини — италијанска глумица и фото-модел.
1961  Алисон Моје — англиска поп-пејачка.
1972  Митко Тошев — македонски вајар и сликар.
1974  Винченцо Монтелаиталијански фудбалер.
1982  Фабјен Лефевр — француски кајакар.
1982  Марко Бориелоиталијански фудбалер.
1982  Соња Ковач — хрватска глумица и модел.
1989  Пјер-Емерик Обамејанггабонски фудбалер.
1990  Ферхан Хасани — македонски фудбалер.
1990  Кристијан Тејлор — американски атлетичар, светски и олимписки првак во трискок.
2001  Габриел Мартинели — бразилски фудбалер.

Починале:

741  Лав III Исавријанин — византиски цар.
1762  Мишел-Ришар Делаланд — француски барокен композитор.
1926  Олга Константиновна — руска голема кнегиња.
1936  Максим Горки — советски писател, еден од основачите на советската книжевност.
1994  Артуро Руис Кастиљо — шпански режисер.
2001  Даворин Поповиќ — југословенски и босански пејач, член на групата Индекси.
2014  Хорас Силвер — американски џез-музичар.
2021  Гиф оф Геб — американски рапер.