Животно осигурување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Животното осигурување е еден од двата главни облика на осигурување, покрај неживотното осигурување. Овој тип на осигурување опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.[1]

Премии за Животно осигурување во светот за 2005


Животно oсигурување во светот[уреди | уреди извор]

Животното осигурување е во голема мерка застапено во светот, а особено во Западните развиени земји, каде оваа традиција трае уште од средината на 19. век. Според истражувањатата од 2007 на Swissre[2], водечки држави во животно осигурување се:


Држава Вкупно премии за сите видови осигурувања (по глава на жител во US $) Oд тоа во Животно Осигурување (по глава на жител во US $) Процент од сите видови осигурувања кој отпаѓа на Животно Осигурување
Ирска

7171

5734

79,96

Велика Британија

7114

5731

80,56

Холандија

6263

2192

35,00

Швајцарија

5741

3159

55,03

Данска

5103

3381

66,26

Франција

4178

2928

70,08

Белгија

4132

2973

71,95

САД

4086

1922

47,03

Финска

3906

3093

79,19

Шведска

3705

2640

71,26

Норвешка

3370

2439

72,37

Јапонија

3320

2584

77,83

Канада

3054

1387

45,42

Австралија

3002

1674

55,76

Германија

2662

1234

46,36

Јужна Кореја

2384

1657

69,51

Русија

209

6,1

2,91

Бразил

202

95

47,03

Кина

69,6

44,2

63,50

Индија

46,6

40,4

86,70

Извор: World Insurance in 2007 — Swissre.com

Животно осигурување во Македонија[уреди | уреди извор]

Осигурувањето на живот во Македонија е регулирано со Законот за облигационите односи, кој во членовите од 953 до 979 и од 998 до 10121 ги регулира правата на договарачот на осигурувањето и на друштвото за осигурување, како и општите и посебните услови на друштвата за осигурување. Договорот за животно осигурување се смета за склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување. Притоа, договорот е ништовен ако неточно е пријавена староста на осигуреникот. Ако осигуреникот не плати некоја премија, друштвото за осигурување нема право да бара наплата по судски пат, друштвото може да ја намали осигурената сума или да го раскине договорот. Животното осигурување може да се однесува на животот на осигуреникот или на трето лице, а истото важи и за осигурување од несреќен случај. Но, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај или корисникот на осигурената сума намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот, тогаш друштвото нема обврска да ја исплати договорената сума. Исто така, договорената сума не се исплаќа ако смртта настапила во воени операции. По барање на договарачот, друштвото за осигурување може да му исплати аванс при што договарачот е должен да плаќа камата на сумата што е исплатена однапред. Карактеристично за животното осигурување е тоа што тој може да содржи и клаузула за учество во добивката на друштвото за осигурување.[3]

Овој вид на осигурување во Македонија правно е базиран и врз Законот за супервизија на осигурувања (Службен весник на РМ - 27/2002)[4], а главна регулаторна државна инстанца која го контролира овој вид на осигурување, како и целокупниот пазар на осигурување во Македонија е Агенцијата за Супервизија на Осигурувања (АСО).[5]

Заклучно јануари 2014 година, четири друштва имале лиценца од АСО за работа со животно осигурување:[6]

  • Кроациа осигурување - Живот (во Македонија од 2005) [7]
  • Граве (во Македонија од 2007) [8]
  • ВИНЕР Лајф - Виена Иншуренс Груп (во Македонија од 2011) [9]
  • УНИКА Лајф (Во Македонија од 2011) [10]

Наводи[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]