Граве (претпријатие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ГРАВЕ Осигурување - АД Скопје
ТипАкционерско друштво осигурителна компанија
Oснована1828 (Македонија: 2007)
СедиштеСкопје
ДејностФинансии и осигурување
ПроизводиОсигурување
ГеслоБезбедно осигурување за сите
Порталwww.graweskopje.com.mk/mk/index

ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје или Grawe е македонско акционерско друштво за Осигурување со седиште во Скопје, а специјализирано за работа со Животно Осигурување. Ова друштво е дел од големото семејство на концернот Grazer Wechselseitige Versicherung AG (скратено: GRAWE) со седиште во Грац, Aвстрија, а формиран далечната 1828 година. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.

GRAWE во Македонија[уреди | уреди извор]

ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопственички капитал од австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG (скр.GRAWE) од Грац и дозвола за работа во Македонија. Друштвото е основано со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година.[1]

Во 2009 година, Друштвото изврши усогласување согласно Законот за супервизија на осигурување, кое се однесуваше на висината на гарантниот фонд и органите на управување. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје, е реосигурано преку матичната куќа кај германска реосигурителна компанија Münchener Rückversicherung-Gesellschaft од Минхен.

Светскиот концерн GRAWE[уреди | уреди извор]

“Безбедно осигурување за сите“ беше мотото на надвојводата Johan во основањето на Grazer Wechselseitige во 1828 година. Од почетното осигурување за ризик од пожар, се разви меѓународен осигурителен концерн. Осигурување, финансиски услуги и недвижности се полињата на кои работи GRAWE концерн.

13 централноевропски осигурителни друштва се доказ за меѓународна ориентираност. Стабилноста и високото место на пазарот за осигурување резултира во успех кој трае веќе од 1828 година.

Grazer Wechselseitige group се вбројува помеѓу најголемите австриски осигурителни компании со годишен прилив на премија која надминува 720 милиони евра и број на договори за осигурување кој изнесува околу 3,8 милиони во целата групација. Љубезноста, советите и прилагодливоста на производите на Grazer Wechselseitige Versicherung AG се гаранција за меѓународен квалитет кој е усогласен со локалните закони за осигурување.

Финансиската стабилност на GRAWE концернот се отсликува преку сопствениот капитал, кој е далеку над пазарниот просек, како и конзервативниот пристап и политиката на вложување. Средствата кои клиентите ни ги доверуваат најчесто се вложуваат во обврзници, државни записи и депозити во банки. Ако се стават во однос капиталот и обврските, ГРАВЕ е едно од најпостојаните осигурителни друштва. И покрај тоа што е дозволено да се применува поедноставна проценка на активата на Друштвото, GRAWE концернот и понатаму согласно својот конзервативен начин на проценка на активата истата ја проценува по строгиот принцип на пониска вредност.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]