12 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 12 јуни — 163-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (164-ти во престапна година). Остануваат 202 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1691 | Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III. |
| 1798 | Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта. |
| 1812 | Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. |
| 1898 | Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година. |
| 1944 | Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер. |
| 1945 | Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци. |
| 1946 | Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле. |
| 1964 | Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата. |
| 1976 | При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв. |
| 1991 | Борис Елцин е избран за претседател на Русија. |
| 1993 | Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница. |
| 1997 | Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
| 2001 | Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства. |
| 2016 | Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили. |
Родени:
Починале:
| 816 | Лав III — римски папа. |
| 1903 | Милан Делчев — македонски револуционер. |
| 1912 | Фредерик Паси — француски хуманист и нобеловец (р. 1822). |
| 1943 | Тодор Ангеловски — македонски учител. |
| 1944 | Коце Стојановски - Металец — македонски револуционер. |
| 1983 | Норма Ширер — канадско-американска филмска глумица. |
| 1997 | Булат Окуџава — советски и руски поет. |
| 2003 | Грегори Пек — американски филмски глумец (р. 1916). |
| 2006 | Ѓерѓ Лигети — унгарско-австриски композитор (р. 1923). |
| 2007 | Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд — француски банкар (р. 1909). |
| 2024 | Џери Вест — американски кошаркар. |
Празници:
| * | Ден на Русија. |
| * | Светски ден против злоупотребата на детскиот труд. |