Петрос Моливијатис
| Петрос Моливијатис Πέτρος Μολυβιάτης | |
|---|---|
| Моливијатис во 2011 година | |
| Министер за надворешни работи | |
| На должноста 28 август 2015 – 23 септември 2015 | |
| Премиер | Василики Тану-Христофилу |
| Претходник | Никос Коѕијас |
| Наследник | Никос Коѕијас |
| На должноста 17 мај 2012 – 21 јуни 2012 | |
| Премиер | Панајотис Пикраменос |
| Претходник | Ставрос Димас |
| Наследник | Димитрис Аврамопулос |
| На должноста 10 март 2004 – 15 февруари 2006 | |
| Премиер | Костас Караманлис |
| Претходник | Тасос Јаницис |
| Наследник | Дора Бакојани |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 12 јуни 1928 Хиос, Грција |
| Починал(а) | 4 мај 2025 (возр. 96) Атина, Грција |
| Партија | Нова демократија |
| Установа | Атински универзитет |
Петрос Моливијатис (грчки: Πέτρος Γ. Μολυβιάτης, 12 јуни 1928 – 4 мај 2025 ) — грчки политичар и Министер за надворешни работи на Република Грција во периодот од 2004 до 2006 година.
Роден е на островот Хиос. Образованието го завршил во Атина. По завршувањето на правниот факултет, се вработил во Министерство за надворешни рабти на Грција. Во текот на својата политичка кариера, тој бил и амбасадор на Грција во Москва, Русија. Од 1974 до 1980 година, Моливијатис бил дипломатски советник и генерален директор на политичкиот кабинет на премиерот Константин Караманлис. За време на мандатот на Константин Караманлис, бил генерален секретар во канцеларијата на претседателот. Во 1996 и 2000 година на парламентарните избори бил избран за член на грчкиот парламент од партијатата Нова демократија.
Моливијатис бил назначен за министер за надворешни работи на Грција во мај 2004 година по победата на Нова демократија, партијата на парламентарните избори на 7 март 2004. Зборувал англиски и француски. Бил претседател на Фондацијата „Константин Караманлис“. Бил оженет и имал една ќерка и еден син.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Петрос Моливијатис на Ризницата ?- Петрос Моливијатис на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|