Коце Стојановски - Металец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коце Металец
Роден Коце Стојановски
12 мај, 1914 година
Скопје, Македонија
Починал 12 јуни, 1944 година
Стрмашево, Тиквешија, Македонија
Сопружник Шина Стојанова

Коце Николовски Стојановски - Металец познат како Коце Металец (12 мај 1914 во Скопје12 јуни 1944 во Стрмашево, Тиквеш) —[1] македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно и три години вечерно училиште. Потоа го изучил коларско-ковачкиот занает и како еден од најдобрите работници се вработил во општинската работилница. Кон средината на 1939 година станал член на КПЈ, а кон крајот на 1939 година и член на Месниот комитет на КП за Скопје. Како ковач по занает, бил член на металската подружница и активно работел во УРС-овите синдикати на металската подружница. При избирањето на нов одбор на синдикатите, станал секретар на подружницата. Оттогаш бил наречен Коце Металец. Во средината на 1940 година по затворањето на Орце Николов, станал секретар на Месниот комитет на КПЈ за Скопје. Го октрил соработникот на окупаторот, Мане Мачков дека врши кражба на благајната на синдикатот. Поради тоа Мачков бил исклучен од УРС-овите синдикати, но му се заканил дека ќе дојде ден кога ќе се пресмета со него.[2]

Окупација на Македонија[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 1941 година бил предаден на полицијата и одведен во затворот во Прилеп. По капитулацијата на бивша Југославија, заедно со другите затвореници бил ослободен од членовите на партиската организација на Прилеп. Во 1941 година извесно време бил на партиска работа во Битола. По 1941 година бугарските агенти го затвориле и го држеле во истражниот затвор околу шест месеци, а потоа бил одведен во Централниот затвор. По судењето, одржано на 9 мај, бил пуштен како „невин“. За време на престојот во Централниот затвор, заедно со други другари работел на припремањето на другарите за процесот. Ги подучувал како да се држат пред класниот непријателски суд. Изиграл видна улога во животот на политичките затвореници и бил еден од организаторите на културно-просветниот живот во затворот, а специјално во седматта ќелија каде бил затворен.[2]

По ослободувањето од процесот пак бил затворен и интерниран во селото Арда, на бугарско-грчката граница. Taмy престојувал шест месеци, а потоа бил префрлен во Скопје, каде продолжил со работата. Во 1943 година одново бил интерниран во Бугарија. Оттаму кога бил ослободен, како негова сопруга му се придружила и Шина Стојанова, со која заедно се вратиле во Македонија на почетокот на 1944 година. Заедно стапиле во Втората македонска ударна бригада, Коце бил назначен за заменик на политичкиот комесар на Вториот баталјон. Во сите борби неговиот баталјон бил најистурен и успешно ги извршувал борбените задачи. Во една од многуте борби, во јуни 1944 година, храбро загинaл, во борбите против бугарскиот полициски одред „Бенковски“, кај селото Стрмашево - близу Кавадарци.[2]

Едно од поголемите училишта за средно образование во Скопје, го носеше неговото име пред да се преименува во „Михајло Пупин“.[3] По него се именувани и улици во некои градови (Скопје[4] и Крива Паланка[5]).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1433. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 136–137. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „СЕТУ „Михајло Пупин" - Скопје“. Википедија. 2021-02-08.
  4. „Без вода утре дел од ул. „Коце Металец", амбулантата Железара и Ремедика“. МИА. Архивирано од изворникот на 2021-04-23. Посетено на 2021-04-23.
  5. 1ТП1 (2011-10-04). „Асфалтирана улицата „Коце Металец". Општина Крива Паланка. Посетено на 2021-04-23.