Тодор Ангелевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тодор Ангеловски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тодор Ангелевски

Тодор Ангеловски (Лавци, Битолско, 4 јануари 1909 - Лавци, Битолско, 12 јуни 1943), меѓу народот познат како Тошо Даскалот, бил македонски комунист, учител, борец против великосрпски режим и против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загинал, односно се самоубил, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12 јуни 1943 година.[1]

Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во Лавци. Потоа се запишал во Државната мешовита реална гимназија во Битола, а во учебната 1925/26 г., во Учителската школа во Прилеп. Уште како ученик во Учителската школа, веќе се оформил како напреден младинец. Тој бил во првите редови на напредното учителско движење во кралска Југославија и член на КПЈ од пред војната.

Во Народноослободителната борба се вклучил уште во 1941 г. Бил организатор и активен учесник во сите значајни настани од HOB во Битола и битолско од 1941 до јуни 1943 г. Имал голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“. Бил командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 г., командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност, Ангеловски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200.000 лева.

Загинал на 23 јуни 1943 г. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоубил.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Јован Кочанковски „Тодор Ангелевски - Строгов“, Битола, 1987.