Карбинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карбинци
Поглед на Карбинци 2.jpg

Поглед на селото од соседното Таринци

Карбинци is located in Македонија
Карбинци
Местоположба на Карбинци во Македонија
Координати 41°49′0″N 22°14′15″E / 41.81667° N; 22.23750° E / 41.81667; 22.23750Координати: 41°49′0″N 22°14′15″E / 41.81667° N; 22.23750° E / 41.81667; 22.23750
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
Население 673[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30022, 30522
Надм. вис. 293 м
Карбинци на општинската карта
Карбинци во Општина Карбинци.svg

Атарот на Карбинци во рамките на општината
Commons-logo.svg Карбинци на Ризницата


Карбинци — село и административно седиште на истоимената општина, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од нејзината лева страна. Карбинци претставува средишно и административно место на истоимената општина.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 293 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото се наоѓа во западното подножје на планината Плачковица. Со градот Штип е поврзано со локален пат.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Карбинци е старо село, бидејќи уште во 1348 година селската црква „Св. Врачи“ била спомената од страна на царот Душан, која ја приложил на манастирот Хиландар. Црквата се претпоставува дека потекнува од периодот пред XIV век.[2]

Во XIX век, Карбинци било село во Штипската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 574 хектари, на пасиштата отпаѓаат 66 хектари, а на шумите само 55 хектари.[2]

Селото, во основа, има исклучително полјоделска функција. Во селото има услужни објекти, земјоделска задруга и оранжерија.[2]

Главно занимање на жителите е производство на житни култури, посебно на оризот.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 184 жители, од кои 144 Македонци и 40 Роми.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 168 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Селото е средно по големина, со пораст во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 537 жители, од кои 500 Македонци, 15 Срби, 9 Турци и 11 жители неопредели, а во 1994 година 643 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Карбинци живееле 673 жители, од кои 672 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 184 168 413 465 537 541 590 629 643 673
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото претставува административно седиште на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Карбинци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа изборното место бр. 2324 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 517 гласачи.[10]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 522 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[12]
  • Беш Тепе — градска населба од доцноантичкото и римското време.
Цркви[13]
Споменици на културата
Споменици

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Карбинци

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работат фудбалскиот клубови „Карбинци“ и „Јуки Карбинци“.[14]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 февруари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 148. Посетено на 4 февруари 2021.
  3. 3,0 3,1 Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Караџов". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 676. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 4 февруари 2021.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 4 февруари 2021.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Најди клуб“. ФФМ. Посетено на 4 февруари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]