Долни Балван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долни Балван
Панорама на Долни Балван.jpg

Панорама на селото

Долни Балван is located in Македонија
Долни Балван
Местоположба на Долни Балван во Македонија
Координати 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306Координати: 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
Население 358[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30012
Надм. вис. 290 м
Долни Балван на општинската карта
Долни Балван во Општина Карбинци.svg

Атарот на Долни Балван во рамките на општината
Commons-logo.svg Долни Балван на Ризницата


Долни Балван — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, а низ него поминува патот Штип-Кочани, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 290 метри. Од градот Штип е оддалечено 9 километри.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Долни Балван било село во Штипската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 7,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 671,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на шумите само 0,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти и земјоделска задруга.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 135 жители, од кои 100 Македонци и 35 Роми.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Селото е средно по големина, без поголеми промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 351 жител, а во 1994 година 331 жител, од кои 328 биле Македонци, а двајца жители Срби.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Долни Балван живееле 358 жители, од кои 351 Македонец и 7 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 135 120 302 325 351 320 306 358 331 358
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Долни Балван, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото било седиште на некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.[9]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[11]
  • Врчва — населба од доцноантичкото време;
  • Стопански Штали — населба од доцноантичкото време; и
  • Тугли — населба од бронзеното и римското време.
Цркви[12]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи фудбалскиот клуб „1 Мај Балван“.[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 103. Посетено на 30 јануари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 30 јануари 2021.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 23 јануари 2021.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 432. ISBN 9989-649-28-6.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. „Најди клуб“. ФФМ. Посетено на 30 јануари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]