Тугли (Долни Балван)

Координати: 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тугли


Местоположба 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Основни податоци
Место Долни Балван
Општина Карбинци
Тип

 населба


Период бронзено време
римско време
Портал „Археологија“

Врчваархеолошко наоѓалиште во штипското село Долни Балван, Општина Карбинци. Претставува населба од бронзеното и римското време.

На 2 км северно од селото, десно од патот Штип-Кочани има мала височинка издолжена во правец исток-запад, со површина од 300 × 200 м, која на источниот крај се надвиснува над коритото на реката Брегалница. На северната страна благо се спушта кон долчето Богоевец, а на јужната кон селските бавчи. На средината има багремов појас, лево од него се наоѓа нивата на Петре Давков, десно на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Долни Балван. По целата површина на теренот има фрагменти од керамички садови работени на колце, од III-IV век, а во нивата на Давков камења и варов малтер од темели на ѕидови. Најдени се делови од стебла на столпчиња и голем број кршени тегули и тули. Во источниот дел на теренот, близу до коритото на реката се среќаваат фрагменти од керамика од средното бронзено време на Македонија. Веднаш преку долот Богоевец, во нивата на Ладе Арсов од Горни Балван, исто така има остатоци од темели на градби и фрагментирана керамика од римското време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 433-434. ISBN 9989-649-28-6.