Прејди на содржината

Горно Трогерци

Координати: 41°54′00″N 22°12′00″E / 41.90000° СГШ; 22.20000° ИГД / 41.90000; 22.20000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Трогерци

Поглед на селото

Горно Трогерци во рамките на Македонија
Горно Трогерци
Местоположба на Горно Трогерци во Македонија
Горно Трогерци на карта

Карта

Координати 41°54′00″N 22°12′00″E / 41.90000° СГШ; 22.20000° ИГД / 41.90000; 22.20000
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30010
Надм. вис. 555 м
Горно Трогерци на општинската карта

Атарот на Горно Трогерци во рамките на општината
Горно Трогерци на Ризницата

Горно Трогерци — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова мало село се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Карбинци, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 555 метри. Од градот Штип е оддалечено 16,5 километри на север, додека од регионалниот пат Штип-Кочани е оддалечено 7,7 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој се двои кај селската црква во соседното село Долно Трогерци.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Горно Трогерци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Во текот на Првата светска војна, селото било бомбардирано, а авионски бомби од тој период се наоѓаат и денес.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 9,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 520,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 401,8 хектари, а на шумите само 8,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948274—    
1953277+1.1%
1961248−10.5%
1971162−34.7%
198127−83.3%
ГодинаНас.±%
199112−55.6%
19945−58.3%
20021−80.0%
20210−100.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 138 жители, сите Македонци.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување. Во 1961 година селото броело 248 жители, а во 1994 година само пет жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Горно Трогерци живеел 1 жител, Македонец.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 138 112 274 277 248 162 27 12 5 1 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Горно Трогерци, се наоѓале и селата Горни Балван, Долни Балван, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото припаѓало на Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2318 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште во селото Горни Балван. Во избирачкото место е опфатено и селото Горни Балван.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Јован Крстител“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
Манастири

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Горно Трогерци

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 81. Посетено на 28 јануари 2021.
  3. „БОМБАТА ОД 140 КИЛА НАЈДЕНА КАЈ ШТИП ЌЕ СЕ ДИСЛОЦИРА НА КРИВОЛАК“. Сакам Да Кажам. 2017-07-19. Посетено на 2021-01-29.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јануари 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 јануари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 јануари 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 431. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]