Јунузлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јунузлија
Поглед на Јунузлија.jpg

Поглед кон селото

Јунузлија is located in Македонија
Јунузлија
Местоположба на Јунузлија во Македонија
Координати 41°46′28″N 22°21′06″E / 41.77444° N; 22.35167° E / 41.77444; 22.35167Координати: 41°46′28″N 22°21′06″E / 41.77444° N; 22.35167° E / 41.77444; 22.35167
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
Област Јуруклак
Население 35[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30019
Надм. вис. 940 м
Јунузлија на општинската карта
Јунузлија во Општина Карбинци.svg

Атарот на Јунузлија во рамките на општината
Commons-logo.svg Јунузлија на Ризницата


Јунузлија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото веројатно доаѓа од личното име Јунуз.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во источниот дел на територијата на Општина Карбинци, во средното сливно подрачје на реката Брегалница, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 20 километри.[3]

Во 2018 година, пристапниот пат до селото, кој се двоел од регионалниот пат Р2431 бил целосно асфалтиран.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Јунузлија било село во Штипската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 174 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари, а на пасиштата уште помалку само 6,6 хектари.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 96 жители, сите Турци.[5]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело само 8 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 24 жители, турско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Јунузлија живееле 35 жители, сите Турци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 43 60 8 12 18 25 24 35
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед во селото

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Јунузлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 2329 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Калаузлија. Во изборното место се опфатени селата Јунузлија, Кепекчелија и Калаузлија.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 87 гласачи.[10]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 86 гласачи.[11]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 февруари 2021.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 104.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 139. Посетено на 1 февруари 2021.
  4. Андонов, Кире. „Општина Карбинци: Заокружени проектите финансирани од министерството за локална самоуправа (видео) | Моја Општина - Сите општини на едно место“. Посетено на 2021-02-01.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 1 февруари 2021.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 1 февруари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]