Козјак (Штипско)
- За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
Козјак — село во Општина Карбинци, источна Македонија.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Козјак се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, под возвишението наречено Високи Рид, крај кое тече Козјачка Река.
Селото историски се дели на две посебни маала: Горни и Долни Козјак.
Историja[уреди | уреди извор]
Местото е населено уште од далечното минето. Кај некогашното маало Горни Козјак се наоѓаат рушевините на древниот град Баргала, како и зачуваната средновековна црква „Св. Ѓорѓи“.[1][2]
Во XIX век Козјак било етнички мешано село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Козјак Долни имал 106 жители, од кои 36 Македонци христијани[3] и 70 Турци и Козјак Горни имак 40 жители, сите Турци.[4]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 г. во Долни Козјак живееле 34 Турци и 26 Македонци.[3]Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.</ref>
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 147 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 145 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 2319 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 119 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Ова се археолошките наоѓалишта во селото, наведени според маалото кај кое се сместени:[8]
Горни Козјак
- Бандера — каструм од римското време
- Црква Св. Ѓорѓи — средновековна црква со некропола
Долни Козјак
- Баргала (Кале — градиште) — утврдена населба од доцноантичкото време и епископски центар
- Кадин Рид — осамен објект од римското време
- Лскач — вила рустика од доцноантичкото време
- Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време
- Турски Гробишта — објект од римското време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Карбинска парохија“. Брегалничка епархија. Посетено на 29 март 2014.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 77.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 230.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 430-432, 434-435. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Козјак (Штипско) на Ризницата ?
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|