Прејди на содржината

Општина Карбинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Карбинци
Општина
Седиштето на Општина Карбинци
Седиштето на Општина Карбинци
Знаме на Општина КарбинциГрб на Општина Карбинци
Карта
ДржаваМакедонија
РегионИсточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996
СедиштеКарбинци
Населени места
Управа
  ГрадоначалникВиктор Паунов (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна229,7 км2 (88,7 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно3.420
  Густина15/км2 (39/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиST
Мреж. местоkarbinci.gov.mk

Општина Карбинциопштина во Источна Македонија. Седиште на општината е селото Карбинци.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на Општина Карбинци со атарите/катастарските општини.

Карбинци е оддалечено 13 километри од градот Штип. Карбинци се наоѓа во подножјето на планината Плачковица и доста е богато со житни и градинарски култури.

Историја

[уреди | уреди извор]

На територијата на Општина Карбинци се пронајдени вредни археолошки наоѓалишта, кои зборуваат за долгата историја на ова подрачје. Така, за време на работите на хидросистемот Злетовица, при ископувањата во наоѓалиштето „Грнчарица“, во близината на селото Крупиште, била откриена населба од раниот неолит, при што биле пронајдени предмети и керамика чија старост е проценета на околу 6 000 години п.н.е. Малку подалеку бил откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница во Македонија ги изработувала своите орудија од кремен. На тој начин, таа се смета за најстара неолитска населба на територијата на Македонија. На истата локација бил откриен скелетот, кој го добил името „Славе Македонски“, за кого, според анализата на коските направена на Универзитетот во Глазгов, се претпоставува дека е стар 7 745 години, што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа. Исто така, во наоѓалиштето „Вршник“ (во атарот на селото Таринци) е пронајдена населба од времето на неолитот (од 6 200 до 3 500 година п.н.е.). Археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.) се пронајдени во наоѓалиштето „Кнежевска Могила“, во атарот на селото Таринци, и во гробницата кај селото Црвулево.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Демографска карта на Општина Карбинци според пописот од 2002 година.

Според проценка од 2016, општина Карбинци има 3.958 жители.

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 3.219 79,76
Албанци 0 0,0
Турци 716 18,15
Роми 2 0,05
Власи 49 1,34
Срби 11 0,30
Бошњаци 0 0,00
останати 15 0,40
Вероисповед Вкупно
православни 3.254
муслимани 729
католици 0
протестанти 0
останати 21
Јазик Вкупно
македонски 3.219
албански 0
турски 716
ромски 2
влашки 49
српски 11
бошњачки 0
останати 15

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Карбинци е Виктор Паунов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[3]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.[4]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со карта на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  4. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]