Прејди на содржината

Општина Арачиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Арачиново
Општина
Знаме на Општина АрачиновоГрб на Општина Арачиново
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Година кога е основана со закон1945 (како месен народен одбор), 1996
СедиштеАрачиново
Населени места
Управа
  ГрадоначалникДаут Беќири (ВРЕДИ)
Површина
  Вкупна31,3 км2 (12,1 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно12.676
  Густина400/км2 (1,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоharacina.gov.mk

Општина Арачиновоопштина во северниот дел на Македонија, со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Мојанци и Орланци. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Арачиново бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арачиново, Брњарци, Мојанци, Орланци и Страчинци.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново го изгубил селото Страчинци, на сметка на проширениот МНО Синѓелиќ. МНО Арачиново тогаш припаѓал во Скопска Околија.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново останал територијално непроменет.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Арачиново бил укинат и неговата општинска територија припаднала на Општина Синѓелиќ.[5]

1996-до денес

[уреди | уреди извор]
Граници на општината од 2004-до денес.

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Арачиново била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци.[6] Според административната поделба од 2004 година, Општина Арачиново била била намалена на сметка на проширената Општина Гази Баба која го добила Брњарци.[7]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арачиново имал 1,407 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Мојанци и Орланци.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]

Народност Вкупно
Македонци 490
Албанци 752
Турци 11
Роми 149
Срби 3
Неопределени муслимани 2
Демографска карта на општината, според пописот од 2002 година и границите од 2004 година.

Според пописот од 2002 година, Општина Арачиново имала 11,992 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци. Општината имала 2,377 домаќинства и 2,583 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[9]

Народност Вкупно
Македонци 987
Албанци 10,879
Срби 13
Власи 1
Бошњаци 65
Останати 47

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.[10]

Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[11]

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадностВкупноУдел (%)
Македонци 7 0,06
Албанци 12,353 97,45
Бошњаци 4 0,03
останати 2 0,02
лица без податоци 310 2,45
Вкупно 12,676 100,00

Следува табела според вероисповедноста во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно
православни 1
муслимани 12.363
католици 1
христијани 0
протестанти 0
евангелисти 0
евангелисти-методисти 0
Јеховини сведоци 0
останати 1
евангелиски протестантски христијани 0
агностици 0
будисти 0
лица без податоци 310
Вкупно 12.676

Следува табела според мајчиниот јазик во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно
македонски 1
албански 12.357
турски 0
ромски 0
влашки 0
српски 0
бошњачки 6
останати 2
знаковен јазик 0
непознато 0
лица без податоци 310
Вкупно 12.676

Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле службено попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1,000 ученици.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Арачиново е Даут Беќири од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[12]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
  • Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново, а една од малкуте во општината.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 31 октомври 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 31 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 31 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 31 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2768. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 1 ноември 2025.
  7. „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 3, 6. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 1 ноември 2025.
  8. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 1 ноември 2025.
  9. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 19, 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 1 ноември 2025.
  10. „Соопштение - Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). Државен завод за статистика. 30 март 2022. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 март 2022. Посетено на 1 ноември 2025.
  11. „Соопштение - Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). Државен завод за статистика. 30 март 2022. стр. 12-13, 26-27. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 март 2022. Посетено на 1 ноември 2025.
  12. „Дополнување на Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  13. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]