Агностицизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Агностицизмот е филозофско убедување дека вистинитосната вредност на некои тврдења—особено тврдења за постоењето или непостоењето на божества, но и други религиозни и метафизички тврдења—не може да се утврди ниту докаже. Агностицизмот може да се дефинира на различни начини, а и понекогаш означува сомневање или скептичен пристап кон прашања. Во некои смисли, агностицизмот е став за сличностите или разликите меѓу уверение и знаење, отколку за некое специфично тврдење или верување.

Томас Хаксли, англиски биолог, го сковал зборот agnostic („агностичен“) во 1869 година. Но пред тоа некои мислители и пишани дела го промовираа агностичното гледиште, вклучувајќи ги Протагора, грчки филозоф од 5 век, и митот за создавање „Насадија-сукта“ во Риг-веда, антички хиндуистички религиозен текст. Откога Хаксли го сковал овој термин, многу други мислители имаат пишано опширно за агностицизмот.