Општина Студеничани
| Општина Студеничани | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Скопски | ||
| Година кога е основана со закон | 1945 (под називот месен народен одбор) | ||
| Година кога е укината со закон | 1952 | ||
| Година кога е основана со закон | 1996 | ||
| Седиште | Студеничани | ||
| Населени места | |||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Ејуп Абази (ДУИ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 276,16 км2 (106,63 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 21.970 | ||
| • Густина | 80/км2 (210/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +02 | ||
| Регистарски таблички | SK | ||
| Мреж. место | studenicani.gov.mk | ||


Општина Студеничани — општина во Македонија. Седиште на општината е истоименото село.
Историја
[уреди | уреди извор]1945-1952
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Студеничани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Студеничани.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Морани со неговите села Вртекица, Морани и Рамни Габер.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Палиград со неговото село Палиград.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Студеничани бил укинат на сметка на Општина Драчево која ги добила селата Вртекица, Морани, Рамни Габер, Студеничани, и Општина Зелениково која го добила селото Палиград.[5]
1996-до денес
[уреди | уреди извор]Според законот за административна поделба од 1996 година, Општина Студеничани била обновена, на сметка на намалената Општина Кисела Вода. Во општината припаднале селата: Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв.[6] Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Студеничани продолжила да постои со истите 19 населени места.[7]
Географија
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Студеничани имал 3,199 жители, односно вкупното население на Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 63 |
| Албанци | 2,979 |
| Роми | 113 |
| Турци | 9 |
| Срби | 34 |
| Неопределени муслимани | 1 |
Според една проценка од 2016 година, Општина Студеничани имала 21.721 жител.[9]
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 285 |
| муслимани | 16.828 |
| католици | 25 |
| протестанти | 0 |
| останати | 108 |
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 347 |
| албански | 11.813 |
| турски | 3.226 |
| ромски | 73 |
| влашки | 0 |
| српски | 12 |
| босански | 141 |
| останати | 1.634 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на Општина Студеничани е Ејуп Абази од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[10]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.[11]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Селото Варвара го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
- ↑ Селото Дресница го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
- ↑ Селото Љубош го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 156. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 205. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2768. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 20 јуни 2025.
- ↑ „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 6. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 20 јуни 2025.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Дополнување на Заклучок за конечност на резултати од гласањето во втор круг за Локалните Избори 2025 година одржани на 02.11.2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 6 ноември 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Општина Студеничани
- Општина Студеничани во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||
| ||||||||||


