Општина Бутел
- За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
| Општина Бутел | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Скопски | ||
| Посебна единица | Град Скопје | ||
| Година кога е основана со закон | 2004 | ||
| Седиште | Бутел II, Скопје | ||
| Населени места | |||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Дарко Костовски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 60,79 км2 (23,47 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 37.968 | ||
| • Густина | 620/км2 (1,600/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +02 | ||
| Регистарски таблички | SK | ||
| Мреж. место | opstinabutel.gov.mk | ||

Општина Бутел — општина во состав на град Скопје која се наоѓа во неговиот краен северен дел. Основана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, а градоначалник на општината е Дарко Костовски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од територијата на Oпштина Чаир во 2005 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Општина Бутел е една од урбаните општини во Република Македонија. Се наоѓа во Град Скопје, во северниот дел на државата. Се граничи со Општина Чучер-Сандево, на југозапад со Општина Карпош, а на северозапад со Општина Шуто Оризари.
Демографија
[уреди | уреди извор]Општина Бутел зафаќа површина од 60,79 км2, вкупно население 36.154, а има густина на населеност од 594,73 жители/км2. Етничкиот состав на општината е следниов[2]:
| Народ | Вкупно | Удел (%) |
|---|---|---|
| Македонци | 22.506 | 62,25 |
| Албанци | 9.107 | 25,19 |
| Турци | 1.304 | 3,61 |
| Роми | 561 | 1,55 |
| Власи | 120 | 0,33 |
| Срби | 1.033 | 2,86 |
| Бошњаци | 970 | 2,68 |
| останати | 553 | 2,46 |
Населби и населени места
[уреди | уреди извор]Во својот состав општината опфаќа 4 села и 4 населби:
- Села
- Населби
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Основни училишта:
- ОУ Гоце Делчев с. Љубанци,
- ОУ Лиман Каба с. Љуботен,
- ОУ Ацо Шопов Скопје,
- ОУ Св. Климент Охридски Скопје',
- ОУ Живко Брајковски Скопје,
- ОУ Панајот Гиновски Скопје,
- ОУ Петар Здравковски Пенко Скопје,
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3]
Градоначалник на општина Бутел е Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[4]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.[5] Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:

Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Профил на општината“. Општина Бутел. 2010. Посетено на 13 септември 2010.
- ↑ „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
- ↑ „Дополнување на Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Бутел во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Службена страница на Општина Бутел
| ||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||


