Општина Градско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Градско
Општина
Знаме на Општина ГрадскоГрб на Општина Градско
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеГрадско
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникКиро Нацков
Површина
 • Вкупна236,19 км2 (91,19 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.233
 • Густина14/км2 (35/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+043
Регистарски табличкиVE
Мреж. местоgradsko.gov.mk
Карта на Општина Градско со селските атари.
Демографска карта на Општина Градско со селските атари.

Општина Градскоопштина којашто се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. Главна населба на неговата општина е истоименото село.

Географија[уреди | уреди извор]

Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за Република Македонија, туку и за поширокиот балкански регион. Тоа произлегува од неговата географска поставеност, која главно е рамничарскиот дел на средиштето на Македонија, распослано на двете страни на средното Повардарие. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли, кои создаваат врска на северниот со јужниот дел на Балканот.
Нејзината територија зафаќа површина 290 км2, на која егзистираат повеќе населени места. Населението на оваа Општина, карактеристично по етничката структура главно го сочинуваат мнозинство Македонци, а застапени се и Бошњаци, Албанци, Роми, Турци и Срби, кои претежно егзистираат од земјоделство.
Според новата поделеност на Републиката и локалната самоуправа, општината Градско започнува со сериозна ревитализација на овој регион, за да се сопрат миграционите процеси и целосно да се подобрат условите за живеење и издршка.

Територијата на Општина Градско се наоѓа во средното Повардарие, односно од двете страни на реката Вардар пред влезот во Тиквешката Котлина во средишниот дел на Македонија. Целата територија на Општина Градско е сместена во долината на Вардар, а токму во Општина Градско во реката Вардар се влеваат двете нејзини најголеми притоки, Брегалница од левата и Црна Река од десната страна. Ова укажува на поволната хидрографска состојба во Општината што е пак главна причина и услов за одличните услови и развој на градинарството. Во западниот дел на Општина Градско се протега планината Клепа, на која се развиени идеални услови за сточарство, односно најповеќе овчарство.

Историја[уреди | уреди извор]

Името на населбата Градско го има добиено од село Градско кое се наоѓа на оддалеченост од 2 км источно од новата населба, сместена на самата железничка пруга СолунГрадско. А пак самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби оддалечна 3 км источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија градот Стоби бил разрушен и опостушен. Поради тоа околното население го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејќи со време придавката Пуст одпаднала останало името Град кое подоцна се нарекло Градско.
Железничката пруга СолунСкопје е изградена во периодот 18711873 година, време на владеењето на Османлиското Царство со Македонија. Железничката пруга Солун - Скопје, по долината на реката Вардар минува покрај бројни населени места, села и градови кои постоеле, но единствено нова е населбата Градско. Населбата е подигната за време на градењето на жележничката пруга и жележничката станица градско и тоа како целосна нова населба. Затоа населбата, која е основана и изградена околу самата жележничка станица Градско, може да се рече дека е и нејзино чедо.

На територијата на општината имало две, сега непостоечки, села: Мушанци и Хаџи Јусуфли.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Основата на економската активност во Општина Градско е земјоделството. На површина од околу 7.000 хектари обработливо земјиште, главно се одгледуваат градинарски производи и житни култури, а постојат и добри услови за развој на полјоделство и лозарство. Мал дел од населението се занимава со сточарство, со оглед на фактот што пасиштата во овој регион се најсушни во однос на другите во Повардарието и воопшто во Република Македонија, меѓутоа голем број на стада овци од Западна Македонија доаѓаат на презимување во бачилата во Општина Градско. Во 1947 год. Населбата Градско, и во дел од околните села Уланци, Росоман и Градско е воведена електрична струја. Во населбата Градско се појавиле првите никулци на индустријата. Во 1960 год. е изградена фабриката за битуменски маси и лепенки Изоломонт, чија вредност на производи во 1980 год. изнесувала 60 милиони денари. Во 1964 година изграден е уште еден индустриски капацитет Фабрика за производство на сточна храна со капцитет на 20.000 тони концентрат.
Во Опстината трговијата почнала да функционира со изградбата на железничката пруга и станица. Со тоа доаѓале трговци од Неготино, Велес, Скопје, Штип и др.

Фирмите се занимавале со трговија на мешовита стока и вршење откуп на земјоделски производи а посебно житарици кои ги извезувале и надвор од Македонија. Трговски дуќани за продажба имало во Долно Чичево, Подлес, Виничани и Градско. Денес имаме современи продавници за мешовита стока и текстилна облека. Првите угостителски објекти се изградени во време на подигнувањето на железничката пруга. По завршувањето на Првата светска војна 1918 год. се изградени хотел и угостителски дуќани кои во тоа време работеле успешно. Никнале и слаткари, фурнаџии и други угостителски објекти. Во поново време Градско како општина и како транзитен центар има околу десеттина ресторани кафетерии и др. Угостителски објекти од кои како по успешен можеме да го издвоиме ресторан Екслкузив.

Индустрија[уреди | уреди извор]

  • АГРИА - Агроиндустриска Групација Архивирано на 13 мај 2010 г. Месна индустрија и кланица „Агриа“ - Долно Чичево. Производство на сите видови на свежо месо, со пласман низ сите градови во Македонија и извоз во Европа. Во селото Долно Чичево се наоѓа најмодерно опремена свињарска фарма.
  • Земјоделски Комбинат „Вардар“ - Градско. Големо модерно-механизирано и организирано земјоделско производство на житни култури (пченица, јачмен), градинарски култури (домати, пипер, краставици), лозови насади, идустриски култури, сточарство (овци, крави, кози). Извозно ориентирано производство, но има и пласман на големо на домашните пазари.
  • Винарска визба „Стоби“ - Градско. Една од најголемите и најсовремените новоизградени винарници во Македонија, со производство на висококвалитетни вина со пласман во Македонија и на пазарите во странство.
  • Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“ (ХИВ) - Згрополци. Производство на вештачки ѓубрива за земјоделството, хемиски препарати и киселини за земјоделството, индустријата и машинството.
  • Млекарница „Милком“ - Ногаевци. Производство на млеко, јогурт, сирење и сите видови на млечни производи, со пласман најчесто во општината и во Велес и поширокиот регион, а се почест по нарачка на други фирми и во Скопје.
  • Фабрика за сточна храна „Жито Вардар“ - Градско. Крај самата железничка станица воо Градско се наоѓа фабриката за сточна храна на групацијата Жито Вардар од Велес, која со сточна храна го снабдува поширокиот регион.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, Општина Градско брои 3760 жители, од кои:[2]

  • Македонци 2924 (77,77 %)
  • Албанци 125 (3,32 %)
  • Турци 71 (1,89 %)
  • Роми 127 (3,38 %)
  • Срби 23 (0,61 %)
  • Бошњаци 465 (12,37 %)
  • останати 25 (0,66 %)
Вероисповед Вкупно
православни 2.801
муслимани 815
католици 1
протестанти 0
останати 143
Јазик Вкупно
македонски 3.062
албански 120
турски 38
ромски 37
влашки 0
српски 25
бошњачки 223
останати 255

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Општинската зграда

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Градско е Роберт Бешовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Градско е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 3 места
  Независни: 2 места

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Археолошко наоѓалиште Стоби, најголем антички град и археолошко наоѓалиште во Република Македонија. Во летниот период се користи и за културни цели како драмски претстави и музички концерти на античкиот театар.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°34′N 21°56′E / 41.567° СГШ; 21.933° ИГД / 41.567; 21.933