Грнчиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грнчиште
Грнчиште во рамките на Македонија
Грнчиште
Местоположба на Грнчиште во Македонија
Грнчиште на карта

Карта

Регион  Вардарски
Општина Градско
Област Клепа
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29019
Надм. вис. 677 м
Грнчиште на општинската карта

Атарот на Грнчиште во рамките на општината
Грнчиште на Ризницата

Грнчиште — село во Општина Градско, во велешкиот крај.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на селото е населено уште од бронзено време, за што сведочи наоѓалиштето Лака на 2 км северозападно од Грнчиште.[2]

Во XIX век Грнчиште било македонско-турско село во Велешката каза (нахија Клепа). Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 65 домаќинства, од кои 80 жители муслимани и 198 жители Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грнчишта имало 680 жители, од кои 400 Македонци христијани и 280 Турци.[3][5]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гринчишта (Grintchichta) имало 424 Македонци под егзархијата[3] и во него работело бугарско училиште.[6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грнчишта (Grnčišta) како мешано село, сочинето од Македонци христијани и Македонци-муслимани.[7]

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948307—    
1953253−17.6%
1961202−20.2%
1971102−49.5%
198140−60.8%
ГодинаНас.±%
199118−55.0%
19947−61.1%
20021−85.7%
20215+400.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци и 150 Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 424 307 253 202 102 40 18 7 1 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Грнчиште е македонско село, а порано во селото имало и муслимани.

Според истражувањата од 1920-тите години, родови во Грнчиште биле:

  • Македонски родови: Илевци (8 к.), Карабатовци или Карпузовци (2 к.) и Мишковци (1 к.) овие три рода потекнуваат од Иле, Коле и Мишко кои го основале селото кон крајот на XVII век; Кушковци (5 к.) доселени се на почетокот од XVIII век од прилепското село Никодин; Дашковци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Црквино; Маџаровци (5 к.) доселени во исто време со претходните родови, доселени се од некое село во околината на Колоња во Албанија; Ристовци (5 к.) време на доселување како претходните родови, доселени се од селото Ногаевци; Малинковци (1 к.) бегот ги донел однекаде во средината на XVIII век.
  • Муслимански родови биле: Говедаровци (26 к.) се делат на Мутовци, Селмановци, Зуликаровци, Камберовци, Каплановци, Ќилимовци, Смајиловци, Мунишовци-Кусибацевци, Џаферовци и Дурмишовци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Кочилари, по потекло се Јуруци; Мемедовци (4 к.) доселени се од селото Виничани на почетокот од XIX век; Куковци (3 к.) доселени се од Сирково на почетокот на XIX век; Абдишовци (1 к.) доселени се од некое село Татарлија во Овче Поле; Имерчевци (2 к.) и Чабревци (2 к.) доселени се од Оризари (велешко), по потекло се Јуруци; Демировци (1 к.) доселени се од Црквино; Алијовци (7 к.) гранка се од православниот род во селото Карпузовци.[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Грнчиште, Виничани, Скачинци.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Висок Камен — населба од римско време
  • Габер — населба од доцноантичко време
  • Градиште — градиште од доцноантичко време
  • Грамаѓе — населба од римско време
  • Лака — населба од бронзено и римско време
  • Шупле — населба од доцноантичко време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото има иселеници во Турција. До 1924 година 7 семејства се иселиле, од Алимановци и Мутовци.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 75. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 180-181.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
  17. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.8-9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]