Кочилари
Кочилари — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.
Географија[уреди | уреди извор]
Кочилари се наоѓа на 15 километри јужно од Велес, северозападно од општинскиот центар Градско. Атарот на селото се граничи со атарите на селата Куридере на север, Згрополци на југ, Ногаевци на југоисток, но и со општините Велес на запад и Лозово на исток. Селото се наоѓа на надморска височина од околу 150 метри и е во близина на Вардар.
Историја[уреди | уреди извор]
За време на Отоманското Царство селото било дел од Велешката каза. Според бугарските извори, селото во 1878 година имало 52 домаќинства со 392 жители Муслимани, од кои 251 биле Торбеши.[1] Според истите бугарски извори, односно според Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 630 жители, сите Турци.[2] По Балканските војни Турците од селото се иселиле во Турција.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Главни стопански дејности на жителите се земјоделството и сточарството.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 130 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 6 |
Албанци | 105 |
Турци | 19 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 885 |
1953 | — | — | 1.052 | — | — | 2 | — | 1 | 1.055 |
1961 | 16 | 81 | 46 | — | — | 2 | — | 1 | 146 |
1971 | 1 | 175 | 2 | — | — | 1 | — | 2 | 181 |
1981 | — | 150 | 25 | — | — | — | — | 2 | 177 |
1991 | 1 | 108 | 21 | — | — | 1 | — | 9 | 140 |
1994 | 1 | 119 | 11 | — | — | — | — | — | 131 |
2002 | 6 | 105 | 19 | — | — | 1 | — | — | 130 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кочилари било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Доселеници: Фаризлер (3 к.), Аметчаушлар (5 к.), Еминпеливанлар (7 к.), Хоџа-Алилер (8 к.), Козар-Шајинлар (5 к.), Али-Вејселер (7 к.), Мизин-Аметлер (15 к.), Алилџајалар (10 к.), Зулфалер (20 к.), Чам-Аметлер (11 к.) и Максуд-Усеинлер (9 к.) сите овие родови биле многу стари доселеници од Анадолија; Маџурлар (1 к.) доселени биле од околината на Ловеч во Бугарија. Основачот на родот дошол како домазет во родот Мизин-Аметлер; Мемедовци (1 к.) доселени биле во 1921 година од селото Мелница кај Велес.[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2217 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Турците од селото во најголем број се иселени во Турција.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Кочилари на Карти на Гугл
|