Долно Чичево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долно Чичево
ЕкспедицијаГрадско45.jpg

Старото училиште во селото

Долно Чичево се наоѓа во Македонија
Долно Чичево
Местоположба на Долно Чичево во Македонија
Координати 41°32′26″ СГШ 21°52′13″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски регион
Општина Grb-gradsko.jpg Општина Градско
Население 72[1] жит.
Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Надм. вис. 301 м
Commons-logo.svg Долно Чичево на Ризницата


Долно Чичево — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Клепа, оддалечено 50 километри јужно од градот Велес и 6 километри западно од општинското средиште Градско. Од општинското средиште Градско води асфалтен пат, со кој селото е поврзано и со погорните села Горно Чичево и Подлес.

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

За потеклото на имињата на селата Горно и Долно Чичево постои следната легенда. Во првата половина на XVII век во селото Росоман живееле тројцата браќа Јане, Петре и Стојан кои поради тоа што немале доволно земја за да опстанат, Петре и Стојан се решиле да заминат и да се занимаваат со чување на овци при што тие одбрале место со добри пасишта и извори на атарот на денешните чичевски села.[2] Петре го направил своето бачило во месноста каде што е сега селото Горно Чичево, а Стојан своето бачил го направил малку подолу каде што сега се наоѓа Долно Чичево.[2] Поминало доста време, а браќата не можеле да се видат со својот брат Јане, па неговата ќерка која што многу ги почитувала своите чичковци го натерала татка си да одат на гости кај нив.[2] Кога стигнале таму, чичковците многу се израдувале што на гости им дошол братот, а посебно внуката заради што многу богато ги нагостиле, а таа пак на враќањето на сите кои ги сретнувале само им повторувала дека се враќаат од „чичевото имање“ заради што местото било наречено Чичево.[2] Бидејќи едниот чичко живеел погоре местото го нарекле Горно Чичево, а за другиот чичко кој живеел подолу местото го нарекле Долно Чичево.[2] Веродостојноста на ова предание не може да се потврди со оглед на тоа дека во двете места нема родови со потекло од Росоман кои се основачи на селата.

Села со имиња Горно и Долно Чичево има во околината на градот Требиње во Босна и Херцеговина близу до тромеѓето со Црна Гора и Хрватска, но не се знае дали тие имаат некаква врска со двете истоимени села кај Градско во Македонија, која е можно да настанала по големите преселби по Австро-турската војна на крајот на XVII век во 1689 година. Село со име Чичево постои и во крајниот јужен дел на Бугарија.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Чичево живееле 72 жители, сите Македонци.

Селото Долно Чичево во 1961 година броело 502 жители, додека во 1994 бројот се намалил на 110 жители, македонско население. Сепак во селото денес има две постојано населени македонски семејства со по 2 мали деца.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 900 568 604 534 502 378 243 127 110 72
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Македонски родови кои живеат во Долно Чичево се: Прапорци или Припорци доселени од дамнешното раселено село Припор, Прасевци, Давчевци, Абисинци, Зајаковци, Трличевци, Терзиевци, Трајовци, Качевци, Ѓорчевци, Уткаровци, Трипчевци.[3]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Атанасиј

Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955 година, селото се наоѓало во тогашната Градска општина, во која покрај Долно Чичево се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Подлес, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото било седиште на тогашната Општина Долно Чичево, во која покрај Долно Чичево, се наоѓале и селата Водоврати, Горно Чичево, Крушевица и Подлес.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 30 март 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ончевски, Страшо (1995) (на македонски). Монографија за селата Горно Чичево и Подлес. Велес: Графичар. стр. 13. 
  3. 3,0 3,1 Според кажување на жители на селото. Забележале Марио Шаревски и Тони Ристовски на 8 декември 2015
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]